TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Кинотека на Северна Македонија

Wednesday, Dec 4 at 20:00h - Dec 10 at 22:00h

Already started

Кинотека на Северна Македонија

Никола Русински 1, 1000 Skopje

GUESTS

4going
44interested

Details


4 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

10 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

19 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ГЛАС

(Glas / Voice)

Игран филм, Хрватска / Македонија / Србија

2019, 80 мин., колор, ДЦП

Режија: Огњен Свиличиќ (Ognjen Sviličić)

Сценарио: Огњен Свиличиќ, Маријана Верхоеф (Ognjen Sviličić, Marijana Verhoef)

Улоги: Франко Јаковчевиќ, Белма Кошутиќ, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ, Игор Ковач, Горан Богдан, Стипе Радоја, Јосип Лукиќ (Franko Jakovčević, Belma Košutić, Karla Brbić, Barbara Vicković, Igor Kovač, Goran Bogdan, Stipe Radoja, Josip Lukić)

 

Приказната на филмот ГЛАС – чиј работен наслов бил БОГ ВО КОНДУРА – говори за пораснувањето, за индивидуалната верба и за надежта. Главниот јунак е Горан (Јаковчевиќ), кој нема семејство и е оставен во домот за деца под патронство на Католичката црква.

Горан одбива да му се моли на Бога бидејќи е бесен на целиот свет. Колку повеќе го присилуваат на молитва и да ги почитува строгите правила на домот, толку повеќе тој  станува побунтовен, дури и кога сите ќе се свртат против него. Во целиот тој негов отпор кон околината и низата настани кои ќе му се случат, Горан сфаќа дека сепак постои нешто, некоја сила надвор од физичкото битие, што нè поврзува сите нас…

ГЛАС беше  имаше премиера на филмскиот фестивал во Бусан, па следеа Варшава, Котбус, Синедејс. . Свиличиќ е режисер познат по претходните остварувања, меѓу кои и АРМИН и ТАКВИ СЕ ПРАВИЛАТА.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари