TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: piece_of_art_29

Friday, Nov 15 at 20:00h - Nov 22 at 00:00h

Already started

Галерија КО-РА

GUESTS

0going
69interested

Details


Ристе Мицевски е роден на 29.10.1999 година во Штип. Уште од мали нозе активно се вклучува на македонската ликовна сцена, како млад ликовен уметник. Опиен од љубовта на играта со четката и боите на платно, одлучува да го награди својот талент во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски” – Скопје. Во средношколските денови го започнува своето патешествие на театрската сцена. Има учествувано во неколку претстави благодарение на „Училиште од игра до претстава”. Неговиот, немирен, театарски дух, му овозможува да прави необични потези со четката на платното, а публиката да ја остави без збор. Учество има земено во повеќе проекти, меѓу кои го издвојува учеството во Македонскиот Народен Театар – Скопје со цел сликање на „Битката во Ис” во времето на Александар Македонски, за сценографијата на претставата „Копање”, заедно со своите колеги од средното училиште, под диригентската палка на сценографот Andreo Cozzi. Неговото животно искуство се збогатува и со учеството во креативно-едукативната работилница „Мост”, одржана во Музеј на современа уметност – Скопје, под менторство на професор Венко Цветков, каде има несекојдневна привилегија да се соочи со делата од познати, врвни, уметници. 
Го тресираше патот, ги постави темелите, а сега искачува уште едно скалило – во тек се неговите студии на Ликовната Академија при Универзитетот „Гоце Делчев” Штип. 
Мразот на изложби го скрши во својот роден град, на 26.12.2018 година во „Дом на млади”. Успева да подготви 17 дела за првичната изложба, а штипската публика беше горда на својот уметник. Мотивиран од секојдневните, животните, сегменти добива инспирација за делава на неговата втора изложба. Неговите дела, се изработени со помош на оган, тоа ни дава можност да нурнеме во неговата фантазија и ентузијазам, можеби и да ги одгатнеме неговите скриени мотиви, желби, стравови. Видиците за иднината му се големи, а тој пак со нетрпение очекува да продолжи по добро познатата траекторија.