TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: М-р Весна Дамчевска Илиевска Pratenik IE2

Monday, Dec 9 at 16:30h - Dec 11 at 20:30h

Already started

Општина Бутел - Opstina Butel - Голема сала

GUESTS

16going
40interested

Details


Почитувани,
Чест е да Ве поканиме да бидете дел од проектот на
Канцеларијата на пратеникот во Бутел - Весна Дамчевска Илиевска, на организираната три-дневна обука за младите на возраст од 16 до 26 години кои се жители на Општина Бутел. Овој настан е поддржан од страна на организацијата OBSE. 
Обуките се бесплатни и ќе се работи на теми кои ќе ги направат младите поконкурентни на пазарот на труд.
По завршување на настанот, за да се подигнат сертификатите за завршена обука, од младите се очекува да бидат волонтери за лица од Општина Бутел, кои имаат потреба од помош при извршување на некои административни, пазарни, дигитални и транспортни активности, еднаш до два пати неделно.
Оваа активност е волонтерска, со цел да се подигне свеста за општествената одговорност и потребата од помош на секој поединец во нашето општество. 
Во прилог можете да ја пронајдете и агендата за обуките. 

Доколку сакате да учествувате на обуките, Ве молиме да се пријавите најдоцна до 05.12.2019, со цел да може да Ви ги обезбедиме потребните материјали за работа. 

*Пријавувањето се врши на е-маилот:
vdamil@yahoo.com со следниве податоци: 

Ваше име и презиме, возраст, зошто сакате да учествувате на настанот, и дали сте заинтересирани да бидете дел од волонтерската мрежа за зајакнување нашето општество кое започнува од Општина Бутел.

Доколку имате дополнителни прашања, јавете се на асистентот на пратеникот: 
Никола: 075-234-855

Напомена: 
За време на настанот ќе бидат обезбедени сите материјали за работа, како и храна и пијалоци за време на паузите. 

Во очекување на Вашиот интерес,
Со почит
Вашиот пратеник,
Весна Д. Илиевска