TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Национална Галерија - National Gallery - Galeria Nacionale

Wednesday, Nov 20 at 20:00h - 22:00h

Already started

Национална Галерија На Македонија - Мала Станица

улица Јордан Мијалков 18, Skopje

GUESTS

214going
695interested

Details


Надреализам и фантастика (рефлексии)
- Избор на дела од колекцијата на Националната галерија -

Ве известуваме дека на 20.11.2019 година (среда), со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица, ќе биде отворена групна тематска изложба со наслов „Надреализам и фантастика (рефлексии) - избор од колекцијата на Националната галерија“. 

Како што укажува и самиот наслов изложбата „Надреализам и фантастика (рефлексии) од колекцијата на Националната галерија“ се осврнува на влијанијата кои надреализмот и фантастиката го извршиле врз развојот на современата македонска уметност во минатото, како и рефлексиите кои можат да се согледаат се до денешните остварувања.

Стремежите за претставувањето на поинаквото доживување на реалноста и за откривање на метафизичката страна на светот во Македонија се воочува во 6-та деценија на 20 век. 

Различните видови надреализам и целата зона на ликовно изразување, засилено се развива од средината на шеесеттите години (и по Скопскиот земјотрес), со присуство на елементи на надреализам, метафизичко сликарство и магичен реализам. 

Насловна фотографија: 
Васко Ташковски
Доказ за едно постоење, 1975, масло на платно, 150х200 см