TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: ОЛИ Психолошко Едукативен Центар Скопје

Saturday, May 23 at 10:00h - 10:00h

Already started

Skopje

GUESTS

14going
91interested

Details


Доколку се занимавате со работа со луѓе - како психотерапевт, советник или коуч, најверојатно сте се сретнале со клиенти кои имаат отпор при работата.
Можеби некои од нив потешко се "отварале", или едноставно не знаеле да се отворат? Дали сте имале клиенти кај кои по извесна успешна работа се случил застој?

Една алатка која е успешна за надминување на овие "проблеми", се ALFA проективните картички. Ова е всушност вештина која ќе Ви биде помошно средство и составен дел од процесот на психотерапија, советување и коучинг.

ЦЕЛ

Целта на едукацијата за работа со ALFA картичките (анализа на личноста, фантазија и асоцијација), е унапредување на контактот со клиентот, разбирање на клиентот од феноменолошка перспектива, надминување на застојот и отпорот, разјаснување на целите и тековите на психотерапијата, советувањето и коучингот.
Добиените заклучоци, можат да имаат значајна улога во психотерапевтскиот, советодавниот и коучинг процесот, а допрените теми се релевантни за широк спектар на проблеми со кои се соочуваат сегашните и идните клиенти.

ALFA картичките се применуваат и во групна работа, терапија и работа со деца.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ЕДУКАЦИЈАТА

Едукацијата е наменета за психотетапевти, советници и коучеви кои работст со клиенти. Можат да се пријават и оние кои завршиле или е во тек студирањето на некоја општествено хуманистичка насока.

ТРАЕЊЕ

Едукацијата трае 2 дена (викенд) по 6 часа, вкупно 12 часа. Секоја сесија опфаќа искуствен семинар, стекнување на практични вештини низ работа и отворена групна дискусија.

Едукацијата се темели на теоретски длабински психолошки пристап и на разни методи од повеќе терапевтски правци (психоанализа, CBT, гешталт, трансакциона психотерапија, терапија на донесување на нова одлука, EMDR, неуролингвистичко програмирање и водење на имагинација). 
Основната цел е стекнување на практични, применливи знаења во работа со луѓе и со деца.

Автор на едукацијата: Sandra Jovanovic Djordevic
психолог, ОЛИ психотерапевт и едукатор

Водител на едукацијата:
Dordevic Ivana 
EMDR, ОЛИ психотерапевт и едукатор во ОЛИ Центарот

Дата: 23 и 24 мај
Место: Скопје
Час: 10-16 
Цена: 110 евра

Информации и пријавувања:
[email protected]
078 273 763

Добро ни дојдовте!

Преземете Outlook за Android


Преземете Outlook за Android