TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Драмски Театар Скопје

Friday, Feb 14 at 20:00h - 22:00h

Already started

Драмски Театар Скопје

ул. „Шекспирова“ бр. 15, 1000 Skopje

GUESTS

103going
683interested

Details


Колаж од расказите на Румена Бужаровска и авторски монолози

Режија: Нела Витошевиќ
Драматизација: Викторија Рангелова - Петровска и Нела Витошевиќ
Драматург: Викторија Рангелова - Петровска
Костимограф: Роза Трајчевска - Ристоска
Сценограф: Константин Трпеноски
Асистент сценограф: Моника Ангелевска
Избор на музика: Нела Витошевиќ
Тон - мајстор: Сашо Ѓорѓиев
Светло - мајстор: Дејан Блажевски
Дизајн на плакат: Борче Димитриоски
Фотограф: Кире Галевски



Улоги:
ИГОР АНГЕЛОВ
САЊА АРСОВСКА
САРА КЛИМОСКА
ИСМЕТ ШАБАНОВИЌ
НАТАЛИЈА ТЕОДОСИЕВА
ФИЛИП ТРАЈКОВИЌ
ЕМИЛИЈА МИЦЕВСКА
ТРАЈАНКА ИЛИЕВА - ВЕЉИЌ

Инспициент: Жарко Намичев
Суфлер: Жаклина Цветковска

Премиера: 15.2.2020


Драмската структура на театарската претстава Мојот маж е изградена од два меѓусебно испреплетени материјали, и тоа, драматизацијата на шесте раскази (Супа, Празно гнездо, Прељубник, Осми март, Гени и Лиле) и документарениот материјал произлезен од авторските монолози.  Дејствата/состојбите од расказите на Бужаровска, како и документарниот дел (авторските монолози) тематски се цврсто поврзани со поднебјето и времето во кое се одигруваат, без притоа да се засноваат на дневно-политички актуелности. Расказите и авторските монолози  имаат за цел да поттикнат надминување на стереотипите и предрасудите, и отворено инсистираат на судир помеѓу традиционалното и современото. Сега, денес, сеуште имаме потреба да се соочиме со сегашноста преку ревидирање на минатото. 
Играно-документарниот пристап, како жанровска определба и драматуршко режисерски концепт, е сеприсутен на европските театарски сцени, но е кревок/редок пример на македонската театарска сцена. Играно-документарниот пристап нуди едно сосема ново, поинакво театарско искуство, кое предизвикува силни емоции и соочување со себе и од себе, со себе кон другиот, од другиот кон себе. Тоа е редок колективен чин кој не е приземно сентиментален и патетичен, туку напротив длабоко е емпатичен и хуман. Присутноста на театарска спонтаност (кај актерот и гледачот) доведува до ослободување и отвара простор за различна театарска перспективност.