TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Thursday, March 26 at 20:00h - 22:30h

Already started

Младински Културен Центар

Kej Dimitar Vlahov 15, 1125 Skopje

GUESTS

285going
1.2Kinterested

Details


„40 ГОДИНА ОРГАЗМА“ И ВО СКОПЈЕ:

СЛАВЕНИЧКИ КОНЦЕРТ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ОРГАЗАМ!
МКЦ, 26.03.2020 година

Драги пријатели, 

Бидејќи без оргазам сепак нема ништо, Авалон Продукција со задоволство ви најавува:
Нашите стари пријатели Електрични Оргазам во рамки на нивната славеничка турнеја која е по повод 40 години од основањето на бендот, ќе имаат свој концерт и во Скопје на 26-ти март, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар. 

Еден од најкултните, најавангардните и најдобрите југословенски бендови на сите времиња, по навистина подолг период доаѓа во Скопје и време е да се собереме на едно место, сите ние коишто многу добро знаеме што значи Електрични Оргазам за музиката.

Влезниците по цена од 700 денари ќе бидат пуштени во продажба во вторник (11.02.2020 година) во 09 часот наутро, а достапни за купување ќе бидат во Avalon music & ticket store, продажната мрежа на Авалон низ земјава и онлајн.

Време е да игра рокенрол цела Македонија!

Важно: Се одржува само еден концерт во МКЦ! 

Авалон Продукција