TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Thursday, Nov 21 at 10:00h - 14:30h

Already started

Holiday Inn Skopje

Filip Vtori Makedonski, 5, 1000 Skopje

GUESTS

65going
293interested

Details


Енергетската индустрија, отпадот, сообраќајот и градежништвото најмногу придонесуваат во емисиите на стакленички гасови во Македонија, додека шумите и урбаното зеленило кои се главни апсорбирачи на гасовите, се карактеризираат со низок квалитет и мал годишен прираст. Според климатските сценарија, средната годишна температура во земјава ќе се зголеми за 1.9°C до 2050 и врнежите ќе се намалат за речиси 23 отсто до 2100 година. Достапноста на населението до вода ќе биде ограничена, а сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени. Негативните ефекти на климатските промени ќе ги намалат приносите кај најголем дел од земјоделските култури и ќе ги зголемат ризиците врз здравјето на луѓето. Опасностите што ги носат климатските промени ќе предизвикаат проблеми во земјоделството, здравството, туризмот, биолошката разновидност..., иако штетните влијанија можат да се намалат со мерки кои дури создаваат нови зелени работни места. Сепак, сериозноста на последиците ќе зависи од способноста на државата да се подготви и да се справи со климатските промени.

Ве покануваме на конференцијата „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“, што ќе се одржи на 21 ноември (четврток) 2019, со почеток од 10 часот, во хотел „Холидеј ин“ (сала Милениум 1).

На конференцијата поздравно обраќање ќе има Претседателот Стево Пендаровски, кој ја поддржа кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“. Професори и експерти од Македонија и регионот ќе дискутираат за постоечките ризици и за решенијата за адаптација и ублажување на климатските промени.

Кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ја реализира Институтот за комуникациски студии, а е финансирана од Британската амбасада во Скопје.


Агенда

09:30:10:00 - Регистрација

10:00-10:05 - Отворање на конференцијата - 
Жанета Трајкоска, Институт за комуникациски студии;

10:05-10:20 -  Поздравни обраќања:
г-н Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија;
НЕ г-ѓа Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во Република Северна Македонија;

Прв панел: Како да ги ублажуваме климатските промени
Модератор: д-р Александар Дединец, научен соработник во МАНУ

10:25-10:35 - Националните придонеси кон Договорот од Париз и конкретните планови во Република Северна Македонија - 
г-ѓа Ана Петровска, државен секретар, Министерство за животна средина и просторно планирање;

10:35-10:45 - Декарбонизација преку енергетска транзиција - 
проф. д-р Невен Дуиќ, Универзитет во Загреб - Катедра за енергетика, електротехника и животна средина;

10:45-10:55 - Климатска акција за нови зелени работни места и јакнење на економијата - 
г-ѓа Ладеја Кошир Година, Европска платформа на засегнати страни на кружна економија (European Circular Economy Stakeholder Platform);

10:55-11:05 - Извори за финансирање на намалувањето на јаглеродните емисии - 
проф. д-р Никола Поповски, универзитетски професор;

11:05-11:45 - Дискусија

11:45-12:00 - Кафе пауза

Втор панел: Како да се адаптираме кон климатските промени
Модератор: проф. д-р Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет - Скопје

12:00:12:10 - Ризиците за здравствениот систем од климатските промени - 
проф. д-р Драган Ѓорѓев, Институт за јавно здравје;

12:10-12:20 - Урбаните отворени простори и пејзажната архитектура низ призмата на климатските промени - 
проф. д-р Стефанка Хаџи Пецова, универзитетски професор;

12:20-12:30 - Одржливо земјоделство за адаптирање кон климатските промени - 
проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан нз Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ;

12:30-12:40 - Јакнење на климатската отпорност со правилно управување на шумите - 
проф. д-р Љупчо Несторовски, Шумарски факултет при УКИМ;

12:40-12:50 - Климатските промени, природните непогоди и туризмот - 
проф. д-р Ивица Милески, Институт за географија при Природно-математичкиот факулет во Скопје;

12:50:13:30 - Дискусија

13:30:14:30 - Коктел


На настанот е обезбеден превод на македонски, албански и англиски јазик.

Контакт лице:
Дејан Андонов, Институт за комуникациски студии - dandonov@iks.edu.mk