TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Monday, Dec 9 at 20:30h - 23:55h

Already started

PUB18

Orce Nikolov 139, 1000 Skopje

GUESTS

22going
122interested

Details


Да, сакаме да ни почне неделата со кубанско шизење. Танцуваш, се губиш, чувстуваш погледи на одушевување од луѓето кои цупкаат околу тебе, се будиш и сфаќаш дека си ги изиграл сите фигури… и, и почнуваш од почеток, песната завршува, се разделувате со партнерот, по некое срамежливо фала за танцот, ја почнуваш неделата со позитивна енергија, јер шизиме во понеделник. 

Понеделник, 09.12.2019, во 20:30ч, подиумот во Дебар Маало спремен, коктелите спремни, елајте си во PUB18 на фино музиче, вртиме салса кубана, сон, по некоја румба, и ќе се гушкаме со бачата. Почнуваме порано е еднакво на повеќе време за играње. Шизиме со руеди, ќе има по некоја анимација. Дискретно допираме до оришас, јоруба боговите од Куба, со по некој основен чекор низ анимација.

PUB18, во срцето на Дебар Маало, идеален за шизење. 

Ве очекуваме во понеделник, поканете ги вашите пријатели на убава музика и танцова атмосфера.

Со малку поразлична музика, 
Румберос