TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Hosted by: Skopje Design Week

Wednesday, Nov 20 at 18:30h - 20:00h

Already started

Public Room

50 Divizija 22, 1112 Skopje

GUESTS

19going
77interested

Details


Точно една седмица пред отворање на деветтото издание на @[779258722512403:844:Skopje Design Week 2019], на 20. ноември од 18:30 во @[1461861060699363:274:Public Room] Ве покануваме на предавање на кое ќе зборуваме за улогата на јогата како средство за одржување на физичката и менталната хигиена со јога инструкторот Катерина Сековска Ангеловиќ.

Од што состои еден јога час и на кој начин секој дел од него придонесува до доведување на телото и умот во хармонија (јама нијама, асани, техники за дишење, медитација). 
Ќе зборуваме за видовите на медитација и како да започнеме да медитираме.
Ако наутро го миеме лицето за да ни биде чисто, ги миеме забите за да ни бидат здрави, ако пиеме сокови и смути за да направиме детокс на организмот каков детокс правиме за умот? 

Многумина веќе практикуваат јога и таа е навистина 99% пракса. На ова предавање ќе се обидеме да ја разбереме и нашата пракса и да поставиме прашања за кои на јога часовите обично нема време.

@[672131842:2048:Katerina S.Angelovik] е сертифициран јога инструктор, сертифициран инструктор по медитација, лајф коуч тренер и тренер по човечки ресурси по Клиринг метод. Живее и работи во Скопје, каде го води студиото за јога и личен развој - @[523409067843131:274:Joga Studio Delfy Spirit]. Нејзината љубов кон јогата датира пред повеќе од 15 години и од тогаш до денес таа станува дел од нејзиниот стил на живот и главно поле на интерес. Искуството во наставата (како професор по италијански јазик) и работа со луѓе го преточува и во јогата и веќе 8 години работи како јога инструктор. На часовите практикува хата јога, аштанга винјаса и јогалатес. Во своето студио редовно изведува водени медитации и Јога нидра и организира работилници од областа на личниот развој и лајф коучингот. 

Студиото за јога и личен развој кое го води Катерина се занимава со организирање редовни часови по јога - Хата и Аштанга Винјаса јога, Јогалатес и Јога за деца. Во студиото редовно се изведуваат водени медитации и Јога Нидра (техника за длабока релаксација). Повремено се организираат работилници на различни теми од областа на личниот развој во соработка со други терапевти и психолози.

Влезот е слободен! 

Повеќе информации и пријавување на: tamara@publicroom.org