TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Tuesday, Jan 14 at 20:00h - Jan 15 at 22:00h

Already started

КОТУР

GUESTS

0going
159interested

Details


Игран филм, Германија 
2014, 98 мин., колор, 35 мм 
Режија: Кристијан Пецолд (Christian Petzold)  
Сценарио: Кристијан Пецолд, Хуберт Монтајхет (Christian Petzold, Hubert Monteilhet)
Улоги: Нина Хос, Роналд Церфелд, Нина Кунцендорф (Nina Hoss, Ronald Zehrfeld, Nina Kunzendorf) 

За Нели (Нина Хос) сите мислат дека е мртва, а таа сепак го преживеа концентрациониот логор Аушвиц. Има тешки повреди и лицето ѝ е уништено. По операцијата само оддалеку наликува на жената што претходно била. 
Сега сака да му се врати на својот стар живот, животот со сопругот Џони (Роналд Церфелд), нејзината голема љубов. Ќе го сретне повторно во бар, каде што работи. Тој, сепак, не ја препознава и многу повеќе мисли дека е личност која случајно личи на сопругата за која верува дека е мртва. Можно е Џони да ја издал Нели на нацистите, кој сега смислува храбар план: наводната двојничка треба да ја глуми неговата жена, за да дојде до нејзиното наследство... 
Возрасна категорија: 12 години