TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Saturday, Feb 15 at 13:00h - 16:00h

Already started

Градски Стадион Скопје

GUESTS

180going
402interested

Details


Кога започна сезоната никој не веруваше дека Вардар ќе биде кандидат за титулата. 
Стартот не ветуваше ништо поинакво од прогнозите, загубивме на домашен терен токму од противнкиот од Ѓорче 0:2, и во тој момент првото место делуваше нереално и преамбициозно...
Тогаш 'засукавме ракави', се сплотивме и одевме чекор по чекор, нерешено во Велес, а потоа долга серија победи која не зацврсти на лидерската позиција, која ја задржавме до последното коло, и Пролетната полусезона ја започнуваме со капитал од 8 бода.
Но да не се залажуваме и опуштаме, ништо не е готово, сме имале ние и поголема бодовна разлика која не сме успеале да ја зачуваме на крајот...
За да не биде така, но и за да ја одржиме одличната форма на трибина која колуминираше со последните кола од есенскиот дел, уште од сега да почнеме со нашите припреми за Комитската Пролет !
За нас не е 19-то туку е ПРВО КОЛО !
Стартуваме од нула и секој натпревар за нас е Дерби !
Вардар игра подобро кога сме ние масовни и посветени. Па да продолжиме да сме такви затоа што и радоста и тагата споделена во големото црвено-црно семејство поубаво доаѓаат.
Во тимот на чело со Тетовче е создадена одлична хемија и би било голема штета сезонава да не ја крунисаме со титула. 
А Заедно можеме. Тоа е веќе потврден рецепт за успех.
Комити, не спијте, и зимава за нас е полна со активности !
Во Сабота, 15-ти Февруари да грмиме на Градски како што знаеме и умееме !
#Мобилизација #КомитскаПролет