TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Телма

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 29.3.2024

Телма - пред: 1 час

Првиот ден од викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната од 19 до 26 степени.

29 поврзани вести »

Полицијата ги проверува базните станици и телефоните на родителите на исчезнатото девојче во Србија

Телма - пред: 2 часа

Во третиот ден од потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље кај Бор, полицијата ги проверува базните станици и ги прегледува мобилните телефони на родителите. Утврдено е дека девојчето не се наоѓа во радиус од 10 ...

245 поврзани вести »

Путин: Нема да го нападнеме НАТО, но ќе ги соборуваме ловците Ф-16 во Украина

Телма - пред: 3 часа

„Русија нема претензии кон ниедна земја на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји ни Чешка, но ако Западот ја снабди Украина со ловци Ф-16, руските сили ќе ги соборат“, изјави претседателот Владимир Путин.

42 поврзани вести »

ТУНЕЛОТ -сабота, 30 март 2024 – 22:15

Телма - пред: 3 часа

Секојдневно возите низ тунел, но дали ви паднало на памет дека нема излез за итни случаи? Што ќе направите ако се запали пожар? Во студените норвешки планини, цистерна полна со бензин ќе удри во ѕидот на тунелот и ќе експлодира.

НАДВОР ОД СИТЕ СОМНЕЖИ – недела, 31 март 2024 – 22:15

Телма - пред: 3 часа

Тоа е застрашувачка вистинска приказна за штотуку оженет агент на ФБИ кој оди да ја заврши својата работа во планински град во државата Кентаки. Таму наскоро влегува во недозволена врска со сиромашна локална девојка која набрзо станува негов главен ...

ПАТНИЦИ ВО НОЌТА – сабота, 30 март 2024 – 19:15

Телма - пред: 3 часа

Франција, 1981 година: По изборот на социјалистот Франсоа Митеран за претседател, земјата е во еуфорија од радост. Филмот на Михаел Херс „Патници во ноќта“ ги враќа гледачите во оваа ера на пресврти со оригинални снимки од 1980-тите.

Војската на САД уништи дронови на Хутите од Јемен

Телма - пред: 3 часа

Американската војска уништи четири дронови со долг дострел, лансирани од јеменските бунтовници Хути. Според Централната команда на САД позната како „ЦЕНТКОМ“, дроновите целеле кон американски воен брод во Црвеното Море.

5 поврзани вести »

РОДЕО – петок, 29 март 2024 – 22:15

Телма - пред: 3 часа

Своеглава и комплетно независната Џулија наоѓа бегство од секојдневието во страста за мотоциклите и високооктанскиот свет на групата урбани моторџии кои организираат „Родео“- недозволени собири каде што возачите ги покажуваат своите мотори и нивните ...

Повеќекратно убиство со нож во Илиноис, мотивот е непознат

Телма - пред: 3 часа

Четири лица се убиени, а петмина повредени во напад во Рокфорд, Илиноис. Полицијата уапси 22-годишен маж кој е осомничен за повеќекратното убиство. Според информациите, некои од жртвите биле избодени со нож.

31 поврзани вести »

Пронајдени се телата на двајца работници кои загинале при уривањето на мостот во Балтимор

Телма - пред: 4 часа

Полицијата во Мериленд соопшти дека нуркачите пронашле две тела при уривањето на мостот во Балтимор. Инспекторите собираат докази од товарниот брод што удри во столбот и го предизвика неговото уривање, додека во водите нуркачите трагаат по телата на ...

210 поврзани вести »

И мавровските мечки ја спасуваат фотељата во ЦУК, смета Стојанче Ангелов кој “прелета” во старо-новото политичко јато и ...

Телма - пред: 13 часа

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директорската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација, без разлика што ја напушти владеачката коалиција на СДСМ.

78 поврзани вести »

Има уапсени за убиството на лекарот во Железара, се проверува и мотивот за злосторствата

Телма - пред: 13 часа

Две лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во убиството на лекарот од Железара се приведени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во подкастот “Претрес”. Преземени се 20 истражни дејствија, прегледани се над 50 камери.

47 поврзани вести »

„Одејќи по тенки линии“ – Мултимедијален настан во резиденцијата на ЕУ

Телма - пред: 15 часа

Мултимедијалниот проект со наслов „Одење по жица“ ги истражува темите поврзани со менталното здравје низ инсталација на Дијана Томиќ-Радевска; перформанс во режија на Јован Ристовски и изложба на уметнички дела под кураторство на Јасмина Котевска ...

Европа е во најлоша безбедносна ситуација од Втората светска војна – проценка на шефот на чешкото разузнавање

Телма - пред: 15 часа

Сегашната ситуација во Европа е најлоша од Втората светска војна, изјави шефот на чешката разузнавачка служба Михал Куделка. Шефот на службата за безбедност и информирање на Чешката Република, како што јави јавниот радиодифузер Радио Прага ...

7 поврзани вести »

Без опструкции од билатерални спорови – Шолц најави нова динамика во евроинтеграцијата на Западен Балкан

Телма - пред: 15 часа

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека силно се залага за забрзување на процесот за влез на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но дека сите што се надеваат на членство во ЕУ мора да бидат свесни дека тоа не е геополитичка ...

23 поврзани вести »

Петров во „Топ тема“: Никој не го ставил на коцка македонскиот идентитет и јазик

Телма - пред: 15 часа

Договорот со Бугарија и условувањето од Софија за евроинтегративниот пат на Македонија – меѓу главните теми во вечерашната Топ Тема. Претставниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ги изнесоа своите ставови околу спорот на релација Скопје-Софија.

Клековски во „Топ тема“: Евроатлантската ориентација на ВМРО-ДПМНЕ е неспорна

Телма - пред: 15 часа

Партиите ги исцртаа црвените линии, барањата на изборите. Со своја програма излезе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дали го исцрта својот патоказ кон Брисел? Кои црвени линии постизборно ќе мора да ги заборави за да формира влада? На овие прашања во Топ ...

Дај ни 800 евра, ќе ти дадеме дијаманти – Кумановец „наседнал“ на плоштадот во Скопје, наместо накит, добил бижутерија

Телма - пред: 15 часа

Седумдесет и тригодишен маж од Куманово вчера во 14:30 часот во СВР Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра. „Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и ...

18 поврзани вести »

Полицијата ни даде насоки каде да бегаме за да нè заштитат – од ГФК Куманово тврдат дека имале притисоци и закани во ...

Телма - пред: 16 часа

Притисоци и закани, еден куп грубости и удирање. Во таков амбиент, тврдат од ГФК Куманово, минало нивното гостување во Арачиново, кај екипата на Шкендија, во дербито на Трета лига што се одигра викендот.

8 поврзани вести »

Српското МВР ја запре потрагата по исчезнатата Данка на подрачјето на Бањско поле и Брестовачка бања

Телма - пред: 18 часа

По 27 часа интензивно пребарување на теренот, министерството за внатрепни работи на Србија ја запре натамошната потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско поле и во Брестовачка бања.

245 поврзани вести »