Цело попладне на радио во 🇩🇪известуваат за посетата на @ABaerbock во Скопје и како е со цел да се овозможат уставните промени што ги бара бугарската страна. Ниту збор зошто е тоа понижувачко или во најмала рака тешко за македонската страна. Медал за поларизирано известување!
Вчера син ми ми рече дека е Спајдермен: нашата работа како возрасни и родители е да ги слушаме децата кога ќе ни кажат што се и кога ќе препознаеме (а тие не) дека се во заблуда да им покажеме корисна насока на движење. Дали требаше да го пуштам вчера син ми од балкон да лета со… https://t.co/U20t6Hapjs
Гладна, уморна, болна, ненаспана, сѐ ме боли. Ама мора мафини да печам, зашто утре слават четврт роденден во градинка. Четири години! Не ми се верува. Се надевам еден ден ќе ме погледнат и ќе сфатат колку се чувствувам понизно привилегирана што животецов одбра да им бидам мама ❤️ https://t.co/uyXM87KF40
Модерниот човек е прастар биохемиски алгоритам што живее на авто-пилот во дигитална диктатура. Толку лесно податен за манипулирање со вистинската технологија во раце. Престрашно и очајно истовремено.
Верувам дека секогаш ќе има психопати и социопати на мрежава, го прифаќам како инхерентна карактеристика на онлајн светот. Ама затоа беспоштедно и брутално користам блок, мјут и репортирам и најмала злоупотреба. Не може никој да ми дојде на тајмлајн и да мисли дека може да ми… https://t.co/c9wdigRcJX
Целосно го отелотворувам германското правило нема погрешно време, само несоодветна облека. Ништо не ми може ниеден дожд со моиве јакни! https://t.co/lrQirSpl9m
Неизненадувачки резултати во интереснава студија од Холандија: на ембрионите во бремености кои завршуваат со спонтан абортус им треба подолго време да се развијат во утробата отколку на оние во бремености кои резултираат со живородени раѓања. Мерени се таканаречените Карнегиеви… https://t.co/e8NtBb600yhttps://t.co/A6e4M3Ufgq
Давам само некои 35%-40% од себе на работа и сите се супер пре најзадоволни и имаме јасни планови за личен напредок во иднината. Не знам дали нешто треба да се смени, ама ми личи дека да.