Новак Џокович е најдобриот тенисер на сите времиња и тука нема дискусија, сите бројки и сите статистики го покажуваат тоа. Федерер играше најубав тенис за око, Надал е најборбениот тенисер што го игра секој поен како да е последен, ама како целина Џокович е за нијанса над нив.
Цената на квадрат историски највисока, условите за земање кредит тотално неповолни(зголемена камата и учество) и пак уште неудрен темел сите станови продадени, нешто не штима у целата приказна.
Келнер у некоја посвесна кафана има поголеми примања од 80% што работат ИТ. На хартија не, ама у реалност да. 1. Јаде и пие на работа додека ИТ трошат по 1000 денари дневно на чиа пудинзи и глупости 2. Бакшиш 3. Го краде газдата
Никогаш не ми стана јасно зошто луѓето при достапни 365 дена у годината да се качат на планина одбираат да го направат тоа баш кога се најлоши условите?