На 23 март во 1940 година во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер, еден од најталентираните во македонската актерска уметност.
На денешен ден, 1907 година, во Велес беше роден доајенот на македонското глумиште Петре Прличко.
Неговата ненадмината актерска харизма остави неизбришива трага во македонскиот театар и филм од 20 век. Многумина го прогласија за легенда додека се уште беше жив. https://t.co/4LgBrbeLsN
Иван Карадак со поголемиот дел од екипата на Хихирику: Катерина Крстева (Мара Попара), Ѓокица Лукаревски, Владимир Ангеловски, Емин Унџел, Катерина Коцевска, Димче Мешковски, Гоце Тодоровски. https://t.co/hYDCL0DyRt
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој. и на налани отиде тутун да реди в монопол – лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свија кораво.
Не беше Ленка родена за тија пусти тутуни! Тутуни – жолти отрови за гради – китки розови. https://t.co/s86tLJkA9Q
Видов просјак, во ѓубриштето бараше храна. - Таму не ќе најдеш тоа што го бараш - му довикнав тажно. - Не тагувај, тука нешто и ќе најдам, во луѓето да прочепкаш, е таму ништо не ќе најдеш освен страв и тага - ми одговори тажно. Во тој миг и јас просјак станав.
,,Празен мозок - празна душа. Празна душа - ѓаволово игралиште. Секој има право на избор со што си ја чести душата: со жолч или со мед, со лага или со вистина.