Шо има у кутииве? 22 компјутери. 22 монитори 22 тастатури. 22 глувчиња. 22 ВГА кабли. 2 ДВИ кабли. 44 напонски кабли. Тоа за училиштето од Виница. За емисијата Срце на дланка со која имаме соработка: 5 лаптопа. 5 торбички за лаптоп. #ДонирајКомпјутерhttps://t.co/5G8NYsP5fC
Децо, го подарувам тоа доле на сликите. Тросед, две фотељи и табуретка. Подигање од Кавадарци. Престари се, но можеби на некој ќе му се најдат. РТ плиз, тенкс. https://t.co/BFjEqPzOOF
Утре се затвора уште една сезона на #ДонирајКомпјутер. Над 2300 донирани компјутери! Од една страна ми е ептен драго за успехот, од друга ми се тераат у три лепе сите политичари од 91ва наваму шо не донесоа до тоа да бидеме зависни од донации буквално у секоја област!
Се стоплуе времето полека. Време да се подновите со маичка која искрено у последно време е гордост да се носи 😍 Со 350 денари и вие можете да бидете дел од тимот поддржувачи на #ДонирајКомпјутер ❤️ https://t.co/M4xF8sf7ER
Интересно е како коцките се местат сами во #ДонирајКомпјутер. Пред некој ден некој ни побара 6 преносни компјутери за дечиња кои треба да одат натпревар и вчера од компанијата @sopro ни се јавија за да ни кажат дека сакаат да донираат 6 ❤️
Не успеавме денес да затвориме сезона. Имав премногу обврски на сите страни, но успеавме да спакуваме и да испратиме 7 компјутери. 3 ни одат во малиот групен дом за дечиња без родители во Кавадарци и 4 за едни посебни луѓе од Скопје за кои некоаш може и ќе ви раскажам ❤️
Иаме нови другари, Евроинс осигуривање. Денес ни доставија околу 60 десктопи и друга ИТ опрема. За месец дена уште 40 ✊#ДонирајКомпјутер https://t.co/6FGeMwp7bR
Децо има ли некој во Скопје шо може денес до кај 17 саат да преземе 2 компјутера и 7 монитори од кај Капитол мол? Пишете или јавете ми се ќе ви дадам контакт. Тенкс. #ДонирајКомпјутер
Боре не мини под бандери, че ти стаат единица. *не мине **20 години подоцна: забавата по повод 20 години матура ќе се одрже на јахтата на Блажо единичарот
Денес почнуваме со испорака на оние 22 комплет компјутери наменети за ООУ Гоце Делчев од Виница. Покрај тие, денешните пакети одат во: 2258, Визбегово 2259, Кавадарци 2260, Крушево 2261, Скопје 2262, Скопје 2263, Скопје 2264, Скопје 2265, Скопје #ДонирајКомпјутерhttps://t.co/j16BwEiZ93
Денешните одат во: 2296, Кавадарци 2297, Кавадарци 2298, Куманово 2299, Кочани 2300, Скопје За потребите на службата на за нарушено поведение од Радишани го испраќаме бројот 2301. #ДонирајКомпјутер