Д-р Наунова Јовановска и главната сестра Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината. ✊ Тие имаат огромен придонес во борбата против КОВИД-19. Се чувствуваат добро и упатија порака дека ова е единствениот начин за да ставиме крај на пандемијата. https://t.co/HgLzeUcFWn
Во свое лично име, во име на Министерството за здравство и сите оние кои се на првата линија во борбата со Ковид-19, упатувам благодарност до премиерот Зоран Заев за неговото лично учество во оваа заедничка акција. https://t.co/qP4GiwyYqh
Пристигнаа 4680 од вкупно 8000 вакцини од компанијата Фајзер како поддршка од Владата на Република Србија. Во среда ја почнуваме вакцинацијата со здравствените работници во модуларната болница во Клинички центар. Благодарност за овој пријателски гест до претседателот @avucic.https://t.co/smUVPuarSd
Досега се пријавени 4000 здравствени работници за вакцинација, од кои околу 2000 се во градот Скопје, а останатите се во другите градови. Со првата пратка на фајзерови вакцини од Србија ја почнуваме вакцинацијата на здравствените работници. https://t.co/F5vz1vdXXC
По 70 години ги реновиравме заедничките простории на Клиниките во објектот на интерни клиники. ✊ Интернистичкиот блок кој е во функција од 1953 година за првпат е реновиран! Обновени се скалишните јадра, ходниците и чекалните. Подобрени се условите и на клиники во овој блок. https://t.co/mZSkdUxrZW
Kинеската вакцина е класичен модел на вакцина добиена со технологија на ослабнување на вирусот.Тоа е една класична постапка којашто се користи за изработка и на други вакцини.Апелирам граѓаните во ризичните групи да се вакцинираат во што поголем број за да се заштитат од ризикот. https://t.co/1vp0FMd44U
Веб-страницата „https://t.co/TEB7bJtx1R“ ја пуштивме во употреба. Граѓаните можат преку пополнување на апликација да искажат интерес за вакцинација против КОВИД-19. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот.
Во услови на пандемија реализиравме 446 нови вработувања во јавното здравство. 164 доктори, 247 медицински сестри и 35 специјалисти добија статус на вработени на неопределено време. Со вложувањето во човечкиот капитал не застанавме и во време на КОВИД-19. https://t.co/hFjVLBu9KM
Британскиот сој на вирусот се шири, не е исклучена можноста на некаква форма на дополнителни мерки, на локално ниво или на територија на цела држава. Засега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, но ќе направиме дополнителни анализи.
Вакцинацијата е надеж за човештвото. Сите вакцини се безбедни и со нив, секој ден сме чекор поблиску до крајот на пандемијата. Да се вакцинираме, да се заштитиме и повторно да живееме нормално. https://t.co/n9bNWuZaTB
Од вчера ја почнавме постапката за набавка на 100.000 дози од руската вакцина, по истиот принцип како и со сите останати произодители. Интензивно разговараме и преку претставниците на руската амбасада кога би пристигнале вакцините.
„Ја примив вакцината и се чувствувам одлично. Аплицирањето на вакцината е безболно. Порачувам секој да прими вакцина, тоа е единствениот начин да се заштитиме од инфекцијата со која се соочуваме цела година“, изјави д-р Наунова Јовановска од инфективната клиника. https://t.co/k6iSdL5IOE