TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-03-12 - 2001-03-18

Бидете со Македонија!

Вест - 13.03.2001

ОБРАЌАЊЕ НА ГРУПА ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ ОД МАКЕДОНИЈА ДО АМБАСАДОРИТЕ НА ЗМЕЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА НАТО, ЕУ И ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА Група интелектуалци од Македонија се обратија до амбасадорите на земјите членки на НАТО, ЕУ и ОБСЕ во Македонија во кое како што се вели за да "ве потсетиме на сите признанија и ветувања ...

Изгореле 200 живи јагниња

Вест - 13.03.2001

Во петокот скопското село Ајватовци цел ден мирисало на печено јагнешко месо, а мирисот се ширел од шталата на Андреја Нешовски. Утрото околу 10 часот во трлото на Нешовски избувнал пожар што многу брзо се проширил и го зафатил целото стадо јагниња.

Во Париз отворена најголемата изложба на дијаманти

Вест - 13.03.2001

Во Националниот музеј во Париз е отворена изложба на дијаманти која, како што тврдат нејзините организатори, е најголемата изложба во светот што му е посветена на овој скапоцен камен. На простор од 1.200 квадратни метри се изложени повеќе од 400 најпознати дијаманти од целиот свет, меѓу кои се и 25 ...

Бебето е само реинкарнација на Фројд

Вест - 13.03.2001

НАЈНОВИОТ СПОТ НА ПРИНС ЈА ПОДЕЛИ ЈАВНОСТА Контраверзната песна и спот "Фројд е жив" на Александар Ристовски- Принс и Марија Каева веќе три месеци не се симнува од врвот на многу топ листи и од телевизиските екрани. Марија беше една од згодните членки на групата "Бум", која веќе не постои, чиј спот ...

Индонезискиот претседател никако да поднесе оставка

Вест - 13.03.2001

Симпатизер на Вахид мавта со банкноти од рупии илустрирајќи дека на демонстратирите им било платено да излезат пред палатата на претседателот ЏАКАРТА, 13 март - Индонезискиот претседател Абдурахман Вахид вчера повторно одби да даде оставка додека над 8.000 демонстранти, од кои повеќето се студенти, ...

"Бучим" и "Алумина" први останаа без струја

Вест - 13.03.2001

ПО ДВОМЕСЕЧНИ НАЈАВИ ЕСМ ПРЕСЕЧЕ Електростопанство на Македонија, вчера во 12 часот, поради акумулирани долгови ја прекина испораката на струја до АД "Алумина" и Рудникот за бакар "Бучим" од Радовиш, додека ОХИС, кој што исто така се наоѓаше на првиот список, се спаси од замрачувањето со исплата на ...

Турканици за да се добие автограм

Вест - 13.03.2001

"ВЕСТ" НА КОНЦЕРТОТ НА "АРЕА" ВО СОФИЈА Феноменот "Ареа" уште еднаш ги покажа своите квалитети, но овој пат надвор од границите на државава. Во неделата вечерта во Бугарија, во ренимираниот софиски клуб "Мр. Панч" приреди концерт како што само таа знае.

Двајца избодени со нож во улична тепачка на "Водњанска"

Вест - 13.03.2001

На улица Водњанска, во саботата околу 23,30 часот избила жестока тепачка меѓу две групи млади скопјани на возраст од околу 20 години , при што во тепачката тешко биле повредени Андреја Димишковски и Бојан Михајловски. По тепачката тешко повредените биле пренесени во Градската општа болница во ...

Јаница низ призмата на кристалниот глобус

Вест - 13.03.2001

ВЕСТ-СПОРТ Трите пада на единствената конкурентка Ренате Гечл во финалните четири трки во шведскиот скијачки центар Оре повторно ја истакнаа нејзината искрена детска насмевка на насловните страници и во ударните вести на светските спортски весници и телевизиски канали.

Го осудиле на казна затвор од 99 години поради една песна

Вест - 13.03.2001

КОРПУС КРИСТИ, Тексас, (Ројтерс) - Еден Тексашнец го осудиле на 99 години затвор поради убиство на музичар, кој не ја знаел песната што му ја нарачал. Рамон Кабрера (48) му се налутил на Дејвид Сенц (57) затоа што овој не знаел да ја свири "Ел гвајолоте" или "Мисирка", и поради тоа го застрелал во ...