TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-04-02 - 2001-04-08

Локалните провалници со богат плен од 36 кражби

Вест - 03.04.2001

СКОПСКА ВИКЕНД ХРОНИКА Во деновите на изминатиот викендов во Скопје биле регистрирани 36 тешки и пет обични кражби. Јавниот ред и мир бил нарушен со седум тепачки и шест физички напади , а на улиците во градов се случиле 61 сообраќајна несреќа но за среќа без човечки жртви.

Тито спремен за туристичко патување во вселената

Вест - 03.04.2001

Американецот Денис Тито, кој треба да биде првиот турист што ќе патува во вселената, изјавил дека ги поминал сите подготовки кои траеле осум месеци и дека е одлично подготвен за летот на Меѓународната вселенска станица. Тито, кој во престојното патување вложил 20 милиони долари, изјави дека знае ...

На Водно се гради резиденција, граѓаните апелираат да запре пустошењето на шумата

Дневник - 03.04.2001

Кај Тасино Чешмиче Жители од населбата "Водно" негодуваат поради изградбата на објект на локалитетот "Тасино чешмиче", за кој е предвидено да биде резиденција на Република Турција затоа што се исечени багремовите дрвја и е уништен дел од парк-шумата.

Со некој нов "стил" против конкуренцијата

Вест - 04.04.2001

ФИАТ СТИЛО На неодамна завршениот Салон за автомобили во Женева, италијанскиот производител "Фиат Ауто" имаше мошне забележителен настап. На сите штандови имаше по некое изненадување за посетителите... На неодамна завршениот Салон за автомобили во Женева, италијанскиот производител "Фиат Ауто" ...

Намален советничкиот надомест

Вест - 04.04.2001

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ На иницијатива на советникот Нелко Нелковски, Општината Ѓорче Петров ќе го намали надоместокот за советниците. Наместо досегашните 2.439.069 денари, за хонорари на советниците ќе бидат издвоени 2.000.000 денари.

Христов изби на делба на 17. место во трката за "Златната копака"

Дневник - 04.04.2001

ПО 15. ГОЛ СЕЗОНАВА ВО ДРЕСОТ НА НЕЦ Ѓорѓи Христов, македонскиот фудбалски репрезентативец, со 15-тиот гол за холандскиот прволигаш НЕЦ Најмехен, кој го постигна во неделата, во победата над Ајакс, на свој терен, со 1-0, изби на делба на 17.

До 2004 година АРМ со 8.000 професионалци

Вест - 04.04.2001

МИНИСТЕРОТ ЗА ОДБРАНА ЈА ЗАБРЗУВА ТРАНСФОРМАЦИЈАТА НА ОДБРАНБЕНИОТ СИСТЕМ Во документот што е доставен до Владата и Претседателот, стои дека до 2002 АРМ треба да има 6.000 професионални војници, со тенденција до 2004 година тој број да се зголеми на 8.000.

Бритни Спиарс и Еминем најфорсирани sвезди на Холивуд

Вест - 04.04.2001

Контроверзниот рапер Еминем и тинејџерската поп sвезда Бритни Спирс се прогласени за најфорсирани sвезди во светот на шоу-бизнисот, а нивните песни се прогласени за налоши песни што досега се појавиле на топ-листите во Америка.

Стрип изложба во Музеј на современата уметност

Вест - 04.04.2001

Во Музејот на современата уметност, вечерва во 20 ч. ќе биде отворена стрип изложба наречена "Стрип во лифт". Изложбата е во рамки на проектот "Ширење на маргините" во чија основа е списанието Маргина на книгоиздателството "Темплум".

"Македонска приказна" на куклен фестивал во Италија

Вест - 04.04.2001

ПОКАНА ДО ТЕАТАРОТ ЗА ДЕЦА Театарот за деца со претставата "Македонска приказна" ќе учествува на 12. Интернационален фестивал Тетари дел Мондо од Порто сант Елпидо (Анкона), Италија. Фестивалот ќе се одржи во периодот од 22 до 29 јули.