TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-04-02 - 2001-04-08

Од екстази се губи помнење

Вест - 03.04.2001

Најновите истражувања на британските научници докажаа дека лицата кои подолго време користат екстази тешко ги помнат и наједноставните задачи. Доктор Том Хеферман и доктор Андру Шолеј од универзитетот Нортубриа, заедно со доктор Џонотан Линг, спроведоа тестирање на 40 лица кои 10 пати месечно ...

Промоција на избор поезија на француски од Анте Поповски

Вест - 03.04.2001

ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИ Денеска (13 ч.) во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе биде промовиран избор поезија под наслов "Непознатото" од академик Анте Поповски. Изборот е објавен на француски јазик, а е во издание на парискиот издавач "Духот на островите".

Две Молдавки продавале човечко месо, завршиле в затвор

Вест - 03.04.2001

Две Молдавки вчера беа уапсени поради продажба на месо кое, како што покажале лабораториските испитувања, е човечко. Еден нивни клиент ги пријавил во полиција, откако купил месо, кое било продавано во најлонски кеси пред една месарница во Кишинев.

Ден на тутунот на театарски начин

Вест - 03.04.2001

МАКЕДОНИЈА ТАБАК ЌЕ ИМА ПЕРФОРМАНС ВО МНТ Весна Таковска, поранешна глумица, а сега една од директорите на Македонија табак одлучила за ваква прослава на денот на тутунот Во Македонскиот народен театар утре ќе се слави ден на тутунот.Оваа приредба - перформанс ја прави Македонија табак.

Германките повеќе мислат на готвење отколку на секс

Вест - 03.04.2001

Последното истражување во Германија спроведено на тема водење љубов покажува дека две од три жени во текот на сексуалниот однос мислат на готвење и купување, за што се смета дека се виновни нивните мажи, за кои кажуваат дека се лоши љубовници.

Казнет Италијанецот кој сакаше да се жени со Шерон Стоун

Вест - 03.04.2001

Калифорнискиот суд на Агостин Помато му одреди привремена забрана за приближување до актерката Шерон Стоун, откако тој неодамна влегол во нејзината куќата и и рекол дека планира да ја земе со себе и да се ожени со неа. Неговото сослушување ќе се одржи во средината на идниот месец, а дотогаш тој не ...

Лажен телефонски аларм за бомба во полициската станица Бит-пазар

Вест - 03.04.2001

Ноќта меѓу саботата и неделата околу 2,30 часот, анонимен машки глас по телефон се јавил во полициската станици Бит-пазар во Скопје и кусо на дежурниот полицаец му соопштил: "во полициската станица е поставена бомба и таа ќе експлодира", а потоа ја спуштил слушалката.

За една недела, документ за партиски разговор

Вест - 03.04.2001

ПАРТИСКИ САМИТ КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ Шефот на државата, на лидерите на парламентарните партии им понуди документ за главните точки на натамошните разговори, со констатација дека терористите воено и политички се поразени Парламентарните партии, во рок од една недела, треба да се изјаснат за ...

Пијан со секира го ранил брата си на спиење

Вест - 03.04.2001

Моме Денковски (32) од Куманово, завчера околу 22 часот, додека спиел во семејната куќа во селото Добрача бил нападнат со секира од постариот брат Благе Денковски. Според првичните сознанија братот- напаѓач во моментот на сторувањето на делото бил под дејство на алхохол.

Со вперена автоматска пушка силувал 18-годишна охриѓанка

Вест - 03.04.2001

За викендов во Охрид било пријавено силување какво што не се памети досега. Охриѓанец Саше Ѓ(21) со вперена автоматска пушка во слепоочниците на жртвата успеал да ја силува својата сограѓанка Б.Т.(18). По монстоуозниот чин тој побегнал .