TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-04-09 - 2001-04-15

Ѓузелов се врати по паузата поради повреда

Дневник - 10.04.2001

ФУДБАЛ - МАКЕДОНСКИ ИНТЕРНАЦИОНАЛЦИ ХРВАТСКА: По повеќенеделна пауза поради повреда, во тимот на Хајдук се врати македонскиот интернационалец Игор Ѓузелов (доби и жолт картон), а сплитскиот клуб остана непоразен на гостувањето кај Славен Белупо (1-1), во 24. коло од првенството на Хрватска.

Притворени двајца осомничени за недозволено држње на оружје

Вест - 10.04.2001

ПО ПОЛИЦИСКАТА АКЦИЈА ВО ПОРОЈ И ЏЕПЧИШТЕ По масовната акција што беше спроведена минатата недела во тетовските села Порој и Џепчиште за откривање на инволвирани во терористичките напади во државава досега се поднесени само две кривични пријави против двајца жители од Порој.

Искршени антички споменици во Куршумли ан

Дневник - 10.04.2001

(НЕ)ГРИЖА ЗА ДВИЖНИТЕ СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА Неколку антички камени споменици од депоата во Куршумли ан се искршени поради невнимание на работниците што вршат преадаптација на просторот во Лапидариум. Според Драгиша Здравковски, заменик-директор во Музејот на Македонија, штетата не е голема, а ...

Преживеала пад од 30 метри

Вест - 10.04.2001

Една девојка од градот Мартина, Словачка, вчера преживеала пад од 30 метри, но лекарите кои ја оперирале не даваат никакви информации ниту прогнози за нејзиното закрепнување. Несреќата се случила за време на маркетиншката кампања на словачкиот оператор за мобилни телефони "Глобтел", кога се откачил ...

Контролорите позајмени од Белград најавија заминување

Вест - 10.04.2001

ПО СМЕНАТА НА КОРМИЛОТО НА СКОПСКАТА КОНТРОЛА НА ЛЕТАЊЕ Тие не се избркани, туку заминуваат затоа што по промените во Србија се вратени на работа во Белградската контрола на летање, велат извори од Скопската контрола на летање Во обласната контрола на летање Скопје, по смената на раководниот тим, ...

Факултетите нема да примаат студенти со партиципација?

Вест - 10.04.2001

ИНТЕРУНИВРЗИТЕТСКА КОНФЕРЕНЦИЈА Скопскиот и Битолскиот универзитет не ги усогласија ставовите за единствена уписна политика, туку дека и натаму ќе си тераат по свое, оставајќи простор времето да го покаже подобриот модел Членовите на Интеруниверзитетската конференција го прифатија предлогот на ...

Кривата кула во Пиза се отвора во ноември

Вест - 10.04.2001

Познатата Крива кула во Пиза, изградена пред 800 години, во ноември годинава повторно ќе биде отворена за туристи по повеќегодишните напори за нејзино делумно "исправање", пишуваат италијанските весници. Меѓутоа во Кулата и тогаш ќе можат истовремено да престојуваат најмногу 30 посетители во ...

Заврши саемот на книгатата за деца во "Болоња"

Вест - 10.04.2001

Интернационалниот саем на книги за деца во Болоња, кој годинава се одржа по 38 пат, беше затворен изминатава сабота. Годинава на оваа најголема презентација на литературата за деца во Европа, земаа учество 449 излагачи од 75 земји од светот.

Човекот што не гази ни на мравки

Вест - 10.04.2001

СЦЕНА - ТЕАТАР (За "Австралиски ветар" на Живко Чинго, во драматизација и режија на Бранко Ставерв, проект на Битолски театар) Ако некој праша што е темата во претствата "Австралиски ветар" едноставниот одговор е печалбарството.

"Огледало" за значењето на преводот

Дневник - 10.04.2001

СПИСАНИЈА Новиот број на списанието на книжевните преведувачи "Огледало", е посветен на обележувањето на неколку јубилеи: стогодишнината од раѓањето на Лазар Личеноски, еден од основоположниците на македонското сликарство и сто години од доделувањето на првата Нобелова награда, како и осумдесет ...