TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-04-16 - 2001-04-22

Во Белград продолжува судскиот процес против 14 западни лидери

Вест - 19.04.2001

Белград, 19 април - Судот во Белград ќе ја продолжи судската постапка против 14 - те западни политичари обвинети за учество во агресијата на НАТО врз Југославија во 1999 година. Еден од службените адвокати кои ги застапуваат обвинетите изјави дека е изненаден од ваквата одлука на судските власти, ...

Бесплатно летување за жени што сакат да си играат семејство

Вест - 19.04.2001

Еден англичанец нуди бесплатно луксузно летување за секоја жена која ќе се сложи да отпатува со него и со неговите три деца, беше напишано во еден оглас. По раскинувањето на 11-годишната врска, Тери Холт, од англискиот град Ромсеј, изјави дека не може да се соочи со фактот да биде сам и тажен, ...

Приватна клиника за еутаназија во Австралија

Вест - 19.04.2001

Австралискиот лекар, Филип Најк, најави дека доколку во Холандија биде легализирана евтаназијата, тој ќе отвори специјализирана клиника за доброволна смрт. Најк најави дека ако холандскиот Сенат го легализира убиството од милосрдие, ќе купи брод со холандска регистрација и на него ќе отвори клиника ...

Кинеската "златна таблетка" против импотенција и во Европа

Вест - 19.04.2001

Најавата на кинеските експерти за природна медицина дека наскоро ќе лансираат "златна таблетка" за потенција, направена исклучиво од билки, предизвика посебно внимание кај шпанската и португалската јавност. Кинеската "златна таблетка", која е наследникот на познатата "Вијагра", за неколку недели ќе ...

Ѓорѓи Крстевски со спот за "Симона"

Вест - 19.04.2001

Ѓорѓи Крстевски конечно сними спот за неговата последна песна "Симона". Конечно затоа што снимањето на спотот најпрво беше одложено заради финансиските средства, а потоа заради состојбата во државава. Мизиката и текстот за оваа песна се на Ѓорѓи, додека аранжманот на Марјан Филиповски.

Владата ги подели парите од Телекомот

Вест - 19.04.2001

Владата вчера ги распредели првите 200 милиони марки од продажабата на Телекомот. Во првата фаза, најмногу пари се доделени на Министерството за транспорт и врски и тоа 51 милион марки што ќе се трошат за изградба на автопат Куманово-Велес, како и останати патни правци и гранични премини.

Курсеви за волшебници во Британија

Вест - 19.04.2001

Љубителите на волшебничките вештини сега можат и самите да научат да изведуваат разни трикови, доколку се запишат на курсот за волшебници, организиран од една британска фондација."Иако курсевите траат само една година поголем број од учениците ги посетуваат веќе три години и не планираат да ги ...

Најмногу пари за НИП "Нова Македонија", "Факти" и "Дневник"

Вест - 19.04.2001

Неделникот "Дело" со 4 милиони денари, студентскиот весник "Студентски збор" и дневниот весник на Албански јазик "Факти" со по 3 милиони денари водат на листата на медиумите кои добија владини субвенции од буџетот. Од приватните дневни весници на македонски јазик, "Дневник" ќе добие најмногу - 2,5 ...

Се бара лек против зависност од Интернет

Вест - 19.04.2001

Луѓето кои "сурфаат" по Интернет повеќе од пет часови дневно имаат проблем на зависност, кој повторно најдобро може да се реши преку светската компјутерска мрежа, сметаат германските психолози. Најподложни на зависносата од Интернет мрежата се младите неженети мажи и жените со понизок општествен ...

Тоше сними дует со југословенската sвезда Гоца Тржан

Вест - 19.04.2001

Додека "Авалон" крие, веројатно чувајќи го како адут, весниците во СРЈ веќе објавија дека нашиот најпопуларен пејач Тоше Проески снима дует со југословенската пејачка на годината, Гоца Тржан, инаку поранешен член на познатиот белградски бенд "Тап 011".