TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-04-30 - 2001-05-06

Вардар остана во елитата

Вест - 03.05.2001

Кошарка Кошаркарите на Вардар успеаја да останат во Првата македонска кошаркарска лига, откако го добија плејаут дуелот со Центар. Вардарци победија со 80:61 во реванш дуелот, со што успешно ја анулираа предноста од девет поени на Центар од првата средба (59:68).

Национален телевизиски фестивал за наградата "Златна корија"

Вест - 03.05.2001

ВО КРУШЕВО ОД 24 ДО 27 МАЈ Во хотелот "Монтана" во Крушево, од 24 до 27 мај ќе се одржи Националниот телевизиски фестивал (НТФ), со учество на претставници на телевизии од Југославија, Грција, Бугарија, Албанија и од нашата земја.

Бруталноста не смее да биде наш одговор

Дневник - 03.05.2001

Колумна-Слободан Чашуле Бруталноста треба да остане со ништо не предизвикана одлика на самонаречената "ОНА". Касапењето на починатите херои треба длабоко да се всади во свеста на светот, но и на сите граѓани на Македонија како безумие што не е наше. Мора да го прокажеме и да го искорнеме.

Кина доби пристап до тајни информации на САД

Вест - 03.05.2001

Вашингтон, 3 мај - Екипажот на американскиот разузнувачки авион кој минатиот месец по судирот со кинескиот борбен авион принудно слета на кинескиот остров Хаинан, ги следел наредбите за вонредни ситуации, но без сомнение одредени тајни информации станале достапни за Кинезите, рече синоќа ...

Откриени три нови видови риби на надморска височина од пет илјади метри

Вест - 03.05.2001

Во езеро Пумајун Цо, кое се наоѓа на висорамнината Тибет, група јапонски и кинески научници неодамна открија три досега неопзнати видови риби. Според изјавата на јапонските истражувачи, ова откритие претставува вистинско изненадување бидејќи рибите живеат на надморска височина од пет илјади метри.

Првата телефонска сметка шок за новиот претплатник

Дневник - 03.05.2001

УШТЕ ЕДНА ЖРТВА НА ТЕЛЕКОМ Семејството Спасовски од скопската населба Гази Баба кое добило телефонска линија пред два месеца тврди дека се нова жртва на АД "Македонски телекомуникации", бидејќи за 20 дена треба да платат повеќе од 2.000ГМ.

Развиените земји ќе создаваат фонд за борба против СИДАТА

Вест - 03.05.2001

Њујорк, 3 мај - Развиените земји ќе го искористат предлогот за создавање светски фонд за борба со болеста СИДА, со цел да ги натераат фармацеутските компании да вложат повеќе средства за испитување на болеста и да ги намалат цените на лековите, изјавија во Њујорк, министрите за финасии и за ...

Организираниот криминал во пораст

Дневник - 03.05.2001

рЕПУБЛИЧКО ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО Малолетниците константно го зголемуваат своето учество во вкупниот криминал во земјава, а старосната граница на извршителите се спушта и под 14 годишна возраст. Зголемено е и извршувањето на потешки кривични дела со облици на организираност, се констатира во ...

Големата коалиција ќе се отвори утре?

Вест - 03.05.2001

ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА СДСМ РАСПРАВА ЗА ШИРОКАТА ВЛАДА Не е исклучена можноста идејата за широка коалиција да почне да се остварува веќе на утрешната седница на парламентот, на која премиерот Геогривески може да излезе со предлаг за избор на министер за одбрана од редовите на опозицијата Централното ...

ОНА бара дијалог со македонските власти, САД отфрла таква можност

Вест - 03.05.2001

ТИРАНА, (МАКФАКС).- Ослободителната национална армија (ОНА) сака да преговара со македонската Влада со посредство на западните лидери, бара менување на Уставот и воведување на албанскиот јазик за втор официјален јазик во Македонија... ТИРАНА, (МАКФАКС).