TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-05-14 - 2001-05-20

Во Намибија рација против момчињата со обетки

Вест - 15.05.2001

Полицајци во главниот град на Намибија Виндхук ги притвораат момчињата со обетки, бидејќи ги сметаат за хомосексуалци. Во рацијата припадниците на специјалните единици ги запирале момчињата на улица и барале од нив веднаш да ги извадат обетките во спротивно ги приведувале во полициска станица.

Стојановска и Мемиши се "позлатија"

Вест - 15.05.2001

ТРЕТИ ОТВОРЕНИ ЛЕТНИ ИГРИ "ОЛИМПИСКИ НАДЕЖИ" ВО ВАРНА Македонските "олимписки надежи" се вратија од Третите отворени летни игри во Варна со вкупно освоени 20 медали, од кои седум златни, три сребрени и 10 бронзени. Дури шест од седумте "злата" се најдоа на градите на пливачката Весна Стојановска, ...

Работнички по осми пат шампион

Вест - 15.05.2001

ЗАВРШИ КОШАРКАРСКОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА Со три победи во финалето до нова круна Работнички со победата во третиот дуел од финалето на разигрувањето за титулата против МЗТ Скопје 2000 ја освои својата осма шампионска круна во деветтото издание на државниот шампионат по осамостојувањето.

Бугарија плени 157 кила хероин

Вест - 15.05.2001

БУГАРИЈА, (РОЈТЕРС) - Бугарски цариник ги проверува 300 пакувања хероин што биле пронајдени на граничниот премин Капитан Андреево на границата со Турција. Бугарските цариници запленија речиси 157 кг хероин сместени во еден турски камион кој патувал за Германија.

Југославија, Македонија и Босна повторно бараат примена на клучот на Европската банка

Вест - 15.05.2001

ДЕНЕС ВО ВИЕНА ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА НАСЛЕДСТВОТО НА ИМОТОТ НА СФРЈ Предлогот за примена на клучот на Европска банка, наместо досегашниот клуч на ММФ, се очекува и овој пат да наиде на жестоко противење од Хрватска и Словенија, кои со овој модел би изгубиле значителен процент од преостанатиот ...

Картонска амбалажа наместо најлон—ќеси и пластика

Дневник - 15.05.2001

ИНИЦИЈАТИВА НА "ОПСТАНОК" Еколозите од "Опстанок" покренаа иницијатива да не се користат најлон-ќесите за пакување на производите бидејќи тој вид амбалажа го нарушува процесот на природно распаѓање на ѓубрето во депониите. Според "Опстанок", и пластичната амбалажа и шишињата не треба да се користат ...

Пештерите во Скопско нова туристичка атракција

Дневник - 15.05.2001

ТУРИЗАМ Пештерата Бозгуни, која се наоѓа крај селото Патишка Река, триесетина километри од центарот на Скопје, наскоро ќе стане туристичка атракција. Членовите на спелеолошкото друштво "Пеони", општинарите од Сопиште и градските власти , веќе го подготвиле проектот и очекуваат до крајот на летото ...

Терористите повторно се обидуваат да се спуштат под Шара

Вест - 15.05.2001

ТЕТОВО.- Група албански терористи од најмалку 10-тици лица и натаму се наоѓа во повисоките ридови на Шара, на локација меѓу приграничните села Бродец и Вејце, до границата со Косово - велат официјалните податоци од македонските безбедносни сили.

Операцијата за извлекување на "Курск" ќе почне во септември

Вест - 15.05.2001

Москва, 15 мај- Операцијата за извлекување на руската нуклеарна подморница "Курск", која потона во август минатата година во Баренцовото Море, при што загинаа сите 118 членови на екипажот, ќе започне на 20 септември годинава.

Експлозија од бои во сликите на Стојчевски

Вест - 15.05.2001

ГАЛЕРИЈА Во Музејот на Скопје во тек е изложбата на Димитар Стојчевски. На изложбата се поставени 100 слики работени во периодот од 1954 до 2000 година. Сликите се работени во различни техники: масло, акварел, пастел, линорез, акватинта, темпера и комбинирани техники.