TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-05-21 - 2001-05-27

Запленети автоматска пушка, пиштол и муниција

Дневник - 22.05.2001

Викенд-црна хроника Скопската полиција во камион паркиран во дворот на фирмата на Нури Сулејмани (30) од скопското село Арачиново нашла една автоматска пушка, еден пиштол и 754 куршуми, а во претресот биле најдени и 4.315 пакети цигари "марлборо" без бандероли, во вредност од околу 120.000 ГМ.

Осветлување на улици во Шутка

Вест - 22.05.2001

Минатата недела почна акцијата за осветлување на улиците Овчеполска, Тиквешка, Демирхисарска, Слан Дол и Злетовска во Општината Шуто Оризари. Со акцијата е предвидено да се заменат старите и прегорени светилки, комплетно да се смени арматурата на столбовите и да се постават нови приклучници во ...

"Вилас сити" во Карпош 3 се одложува за крајот на јуни

Вест - 22.05.2001

ПОРАДИ ВЛОШЕНАТА БЕЗБЕДНОСНА СОСТОЈБА ВО МАКЕДОНИЈА Грчкиот инвеститор не се откажува од изградбата на трговскиот центар, туку, како што информираат, таа ќе почека додека да се смири ситуацијата Трговскиот центар"Вилас сити", чија изградба во Карпош 3 требаше да започне уште пред 2 месеца, се ...

Бледо и статично

Вест - 22.05.2001

СЦЕНА - ОПЕРА (За "Риголето" на МОВ со гости од Германија, Бугарија, Хрватска и Италија) "Риголето", втората претстава на Мајските оперски вечери одржана на 15 овој месец со гости од Бугарија, Хрватска и Италија, под диригентско водство на Пол Вајгод од Германија не ги исполни очекувањата.

Штипските лекари тужеа и добија еден милион марки за неплатени дежурства

Вест - 22.05.2001

МЕДИЦИНСКИОТ ЦЕНТАР ВО ШТИП ПРЕД БАНКРОТ Околу 120 лекари, над 300 медицински сестри и друг технички персонал при Медицинскиот центар во Штип, до Основниот суд поднесоа тужби за исплата на дежурствата што ги имале изминатите неколку години.

"Вратата на судбината" со Гвинет Полтроу

Вест - 22.05.2001

ВЕЧЕРВА НА АРТ КИНО Во рамките на Арт киното вечерва и утревечер во 21.30 ч.ќе биде прикажан филмот "Вратата на судбината" деби на режисерот Питер Ховит. Во главните улоги се Гвинет Полтроу, Џон Хана, Џон Линч. Филмот по жанр е романтична драма, а се работи за главната хероина Хелен која судбински ...

Медицинска екипа во Слупчане штрајкува со глад

Вест - 22.05.2001

Според неофицијални сознанија, лекарот Фатмир Асани кој во селото Слупчане има приватна ординација и останал во селото наводно да му помага на цивилното население со неговата четиричлена медицинска екипа, веќе неколку дена штрајкуваат со глад.

Првите цртежи на Мики и Мини на аукција

Вест - 22.05.2001

МАЈАМИ - Првите цртежи на ликовите Мики и Мини Маус беа дадени на аукција минатата сабота, но раководителот на аукциската куќа Гернси од Њујорк одби да каже дали се продале. "Случајот не беше разрешен минатата ноќ", изјави претседателот на Гернси, Арлен Етинџер, кои ја организираа аукцијата во ...

Фестивалот "Пеце Атанасовски" ќе засвири по 27 пат

Вест - 22.05.2001

ВИКЕНДОВ ВО ДОЛНЕНИ, ПРИЛЕПСКО На 25,26 и 27 овој месец во Рудина, Долнени, прилепско, под покровителство на Министерството за култура, ќе се одржи 27-от Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни "Пеце Атанасовски".

"Инсајд" — приватизација

Дневник - 22.05.2001

Коментар-Слободан Содиќ Македонскиот модел на приватизација експертите веќе го оценија како "инсајдерски”. Во превод тоа значи дека државниот капитал, кој некогаш бил општествен (сечиј и ничиј), веќе десетина години буквално се разграбувал или се купувал по багателни цени.