TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-05-21 - 2001-05-27

Чистење на Водно во две фази

Вест - 22.05.2001

"Паркови и зеленило" десет викенди ќе го чисти првиот дел на Водно. Ќе се расчистува главниот сообраќаен пат од левата и десната страна, со косење на високата трева и кроење на дрвјата. Исто така, целосно ќе се реконструира и поправа дрвениот мост и сите шумски патокази.

Таписерии на Загорка Стојановиќ

Вест - 22.05.2001

Вечерва (19. 30 ) во КИЦ ќе биде отворена изложбата " Распредание" на Загорка Стојановиќ. На изложбата ќе бидат поставени таписерии, ткаени перничиња и неколку дрвени крстови. Како ексклузивитет на оваа изложба е поставениот разбој на кој Загорка ќе ткае на отворањето на изложбата.

Да се забранат најлонските ќесиња

Вест - 22.05.2001

ИНИЦИЈАТИВА НА "ОПСТАНОК" Со иницијативата се предлага да се омасови користењето на хартиените ќесиња Еколошкото друштво "Опстанок" поведе иницијатива за забрана за користење најлонските ќесиња за пакување на купени продукти како и на пластичната амбалажа и шишињата, доколку не се произведени од ...

Интернет адреса на надгробен споменик

Вест - 22.05.2001

БЕРЛИН, (МАКФАКС) - Германските власти му наредиле на Бернд Брунс да ја отстрани интернет адресата која ја напишал на надгробниот споменик на мајка му, бидејќи тоа претставува реклама, а на гробишта рекламирањето е забрането.

Затворени канцелариите на ОН во Авганистан, терор на Талибанците врз Хиндусите

Вест - 22.05.2001

Исламабад, 22 мај - Талибанските власти ги затворија сите четири канцеларии на службите на Обединетите нации во Авганистан, во знак на протест поради воведените санкции од страна на светската Организација. Затворени се претставништвата на ОН во градовите Кандахар, Херат, Мизар-и-Шариф и Џалалабад, ...

Се обидел да убие соселанец поради келнерка

Дневник - 22.05.2001

Гостиварско Гостиварчанецот Осман Бетеми (38) од гостиварското село Добри Дол, со неколку истрели од пиштол се обидел да го убие својот соселанец Наќи Бафќари (20), во саботата вечер во близина на селската кафеана. Според полицијата престрелката се случила откако ранетиот се обидел да го спречи ...

Со вешти измами лесно и брзо до пари

Дневник - 22.05.2001

ПОД ПРИТИСОК НА СИРОМАШТИЈАТА Бугарски државјанин измамил 75-годишна старица во вторникот во кумановското село Старо Нагоричане, убедувајќи ја дека за малку пари ќе и ја претскаже судбината. Измамникот успеал да и земе 2.500 денари на старицата, пред да избега.

Американците ќе обучуваат македонски командоси

Вест - 22.05.2001

СЕ ЗАОКРУЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ ЕЛИТНИ ДИВЕРЗАНТСКИ ЕДИНИЦИ Зад проектот целосно ќе стои Армијата на САД - од финансиите и сите останати средства за негова реализација до обуката на македонските командоси кои, за почеток, ќе бидат обучувани во специјални воени кампови и терени во Америка ...

Пет моста ќе го красат Вардар

Дневник - 22.05.2001

АМБИЦИОЗНИ ПРОЕКТИ Скопје годинава ќе добие пет нови моста, три на реката Вардар и два на Лепенец, вели Никола Велковски, градски архитект. На градот му недостигаат мостови, а со изградбата на новите ќе се релаксира сообраќајот и ќе се олесни движењето.

Два аршина за законот за одбрана

Дневник - 22.05.2001

Коментар-Слаѓана Димишкова Законот за одбрана најверојатно "мазно” ќе биде изгласан на денешната собраниска седница. Според изјавите на пратениците, во моментов е потребно да се донесе закон и впечаток е дека никому веќе не му е важно каков ќе биде тој.