TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-05-21 - 2001-05-27

Мини-бус прегази петгодишно дете во Гостивар

Вест - 22.05.2001

На булеварот "Браќа Гиновски" во Гостивар, во петокот околу 18 часот , бил прегазен петгодишниот Адис Селими, од мини- бус што го управувал Мухамед Мехмеди од село Ростуше. Од директниот удар и пад на улицата, Селими задобил тешки повреди од кои на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починал.

СОС—селото во Ченто ќе заживее од јуни

Дневник - 22.05.2001

"СОС Киндердорф" наЈавува Првото Детско село во кое ќе бидат згрижени деца без родители, во населбата Ченто, ќе почне да работи во почетокот на идниот месец, најавува Крсте Маљановски, директор на СОС-селото. Во текот на неделава ќе се постави струја во куќите што веќе се поврзани со водоводната ...

Стела Макартни ќе ја батали модата за да има деца

Вест - 22.05.2001

ЛОНДОН - Дизајнерката Стела Макартни сака да има деца и е подготвена да се откаже од модата ако е потребно за да основа семејство. Само пред еден месец Макартни објави дека ја напушта француската модна куќа "Кло" за да лансира своја модна облека заедно со италијанската модна куќа "Гучи".

Плакати на Пјер Мендел

Вест - 22.05.2001

ИЗЛОЖБИ Вечерва (20 часот) во Музејот на Скопје ќе биде отворена изложба со плакати од Пјер Мендел и студиото Мендел и Оберер од Минхен. Изложбата е насловена "Уметност заради уметност", а ќе бидат изложени плакати специјално дизајнирани за институции од културата.

"Профил" од Вера Стојчевска - Антиќ

Вест - 22.05.2001

ПРОМОЦИИ Во НУБ "Св. Климент Охридски" денеска во 13 ч. ќе биде промовирана книгата "Профил" од Вера Стојчевска-Антиќ, во издание на "Детска радост" Промотори на книгата се писателот Томе Арсовски и актерите Софија Гогова - Врчаковска и Славко ...

Притворени двајца прилепчани со 20 килограми хашиш

Вест - 22.05.2001

На прилепчаните Менде Костадинов (23) и Звонко Келетански (25) кои во саботата се обиделе од Прилеп во Скопје да прошверцуваат 20 килограми хашиш, Истражниот судија во Кавадарци им одредил мерка притвор во трење од по 30 дена.

Македонија или ќе преговара со ОНА или ќе биде уништена

Вест - 22.05.2001

ФАЗЛИ ВЕЛИУ, ОД СОБА СО ПОГЛЕД НА ЖЕНЕВСКОТО ЕЗЕРО СЕ ЗАКАНУВА ЛОНДОН, (МАКФАКС).- Лидерите на етничките албански бунтовници од странство се заканија дека ќе го прошират нивниот конфликт со македонските сили за безбедност, доколу не бидат вклучени во преговорите за иднината на земјата, пишува ...

Директор од Арачиново складирал оружје во канцеларија

Вест - 22.05.2001

Нури Суљеман (30 ) од Арачиново, оснивач и директор на претпријатието ПОС "Сингелиќ", на улицата Антон Попов, кој во една од канцелариите криел автоматска пушка, пиштол и 754 парчиња муниција, а во изнајмен камион чувал 4.315 штеки цигари без бандероли, деновиве е упсен и предаден на истражен ...

Поп стилот ни стана монотон

Вест - 22.05.2001

"МАГИЈА" ВО НОВО РУВО, СО РОК СТИЛ Кога 1998 ја понесоа победата на Макфест, целата македонска јавност масовно почна да се интересира за нив. Толку млади, со толкава сигурност, увежбаност, ускладен имиџ и голем професионализам на сцената ги "срушија" сите големи имиња, кои беа нивни конкуренти на ...

Во Бразил донесен закон против сексуалното малтретирање

Вест - 22.05.2001

Бразилскиот претседател Фернандо Енрике Кордосо донесе закон, според кој, за извршување на делото "сексуално малтретирање" се добива затворска казна во траење од две години. Државните обвинители предупредија дека по донесувањето на овој закон ќе дојде до поднесување голем број тужби против мажите.