TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-08-06 - 2001-08-12

Воведен полициски час во Арачиново

Дневник - 09.08.2001

СО НАРЕДБА НА мвр Министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски, врз основа на своите законски овластувања, завчера донесе Наредба за ограничување на движењето на подрачјето на општината Арачиново од 22 до 5 часот следниот ден.

Арачиново - ограничување на движењето

А1
2 поврзани вести »

Оставка на Зоран Шоров

Вест - 09.08.2001

БОРЕЊЕ ШТИП.- Трикратниот олимпиец и селектор на македонската младинска репрезентација во борење слободен стил, Зоран Шоров, ќе поднесе оставка на функцијата. Непосреден повод за оваа негова одлука е Светското младинско првенство во Ташкент - Узбекистан, за каде веќе замина македонската ...

Младинскиот селектор Шоров поднесе оставка

Дневник
2 поврзани вести »

ИЗЛОЖБИ ВО ОХРИД

Вест - 06.08.2001

Слики на Чемерски во галеријата "Икона" Изложбата со слики на Глигор Чемерски, насловена "Лузна", во петокот беше отворена во охридската галерија и книготека "Икона". На изложбата поставени се осум слики во различни димензии, работени во масло.

Осум слики од Глигор Чемерски

Дневник
2 поврзани вести »

Ден на жалоста на македонската дијаспора

А1 - 09.08.2001

По повод настаните во Македонија и загинувањето на 10-те припадници на македонските безбедносни сили утре 10-ти Август македонската дијаспора во Америка го прогласува за Ден на жалоста. По тој повод ќе се организираат мирни демонстрации под мотото „Маршот на Вашингтон за мир во ...

"Марш на Вашингтон за мир во Македонија" на македонската дијаспора

Вест
2 поврзани вести »

Човиќ е добредојден на Косово, но не и неговата стратегија

Дневник - 08.08.2001

"ПОЛИТИКА" КОМЕНТИРА Белградскиот провладин весник "Политика" оцени дека српскиот вицепремиер Небојша Човиќ ја почнува најтешката задача во својата политичка кариера - специјален пратеник задолжен за смирување на кризата на Косово.

Човиќ: со сите расположиви средства против терористите

Вест
2 поврзани вести »

Пренасочени автобусите на ЈСП што минуваат низ мостот Гоце Делчев

Вест - 08.08.2001

Јавното сообраќајно претпријатие "Скопје" од вчера ги пренасочи редовните градски и приградски линии кои минуваат низ мостот Гоце Делчев поради неговата реконструкција. На мосотот отворена за сообраќај ќе биде само една лента.

Мостот "Гоце Делчев" затворен за сообраќај заради реконструкција

Дневник
2 поврзани вести »

Премиера на "Со сила убавина не бидува"

Вест - 09.08.2001

ВЕЧЕРВА НА ОХРИДСКО ЛЕТО Битолскиот театар вечер (21ч) во предворјето на црквата "Св. Софија" премиерно ќе ја изведе претставата "Со сила убавина не бидува" од Шекспир, во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Во кастингот на претставата се актерите Петар Горко, Сашо Огненовски, Горан Дранговски, Душко ...

"Со сила убавина не бидува" од Шекспир, во режија на ¦оргиевски

Дневник
2 поврзани вести »

И ОБСЕ виде дека терористите ги злоупотребуваат културните споменици

Вест - 09.08.2001

МЕЃУНАРОДНАТА НАБЉУДУВАЧКА МИСИЈА ЗАГРИЖЕНА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ ОБСЕ конечно утврди дека "историски споменици како Арабати баба Теќе и областа до Шарената џамија во Тетово се користат како база за воени операции од страна на вооружени групи на етнички Албанци...

ОБСЕ загрижен за сквернавење на религиозните и културни обележја

А1
2 поврзани вести »

АНА му нареди Али Ахмети да поднесе оставка

Вест - 11.08.2001

Новата нелегална организација Албанската национална армија (АНА) му "нареди" на политичкиот лидер на т.н. Ослободителна национална армија (ОНА), Али Ахмети, да поднесе оставка, јавија вчера дел од западните медиуми, повикувајќи се на копија од писмо испратено и до медиумите во Косово.

АНА му нареди на Ахмети да поднесе оставка

Дневник
2 поврзани вести »

Британската кралица мајка го прослави 101-от роденден

Дневник - 06.08.2001

ВО САБОТАТА Постојано насмеаната британска кралица-мајка, најомилениот член на кралското семејство меѓу Британците, во саботата во Лондон го прослави 101-от роденден. Таа најпрвин се појави пред својот дом Кларенс Хаус во Лондон за да ги поздрави 7.000-те поданици што дојдоа да и честитаат.

Британската кралица - мајка го прослави 101-от роденден

Вест
2 поврзани вести »