TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-10-15 - 2001-10-21

Водолија-деловниот живот ве радува

Дневник - 16.10.2001

Вашиот деловен живот се претвора во нешто што би можело убаво да се развива, има солидна иднина, па и добри материјални резултати. Можете да се радувате на тоа и да направите нови планови. Ќе ја изгубите довербата во вашиот партнер бидејќи ќе бидете измамени.

Ученик направил бомба што експлодирала на час

Вест - 16.10.2001

Во Хонг Конг еден 15-годишен ученик е уапсен откако за време на часот во неговата чанта експлодирала бомба со помал интензитет. Момчето ја направило бомбата со помош на упатства од Интернет. Се претпоставува дека тој, сакајќи да ги импресионира своите школски другари, ја однел бомбата на училиште, ...

Укинување на режимот ЛП-8

А1 - 16.10.2001

Владата го прифати предлогот на динамиката за укинување на режимот ЛП-8, односно листата на производи за чиј увоз и извоз беше неопходна согласност на одделни министерства кон земјите членки на Светската трговска организација, а што беше наметнато како обврска при процесот за зачленување на ...

Австријците "смрзнати" во струмичкиот котел

Дневник - 16.10.2001

ОДБОЈКА - РАБОТНИЧКИ Ф. - ВАСЕРКРАФТ 3-0 Македонскиот машки одбојкарски шампион Работнички Фершпед се пласира во 6. група на Купот Топ-тим, откако во реванш-натпреварот од квалификациското коло, во неделата, во Струмица, френетично бодрен од две илјадната публика, го победи Хагебау Васеркрафт од ...

Спој на сиромаштија, богатство и убавина

Вест - 16.10.2001

КАКО ЈА ВИДОВ ЛАТИНСКА АМЕРИКА: КОЛЕ ЧАШУЛЕ Писателот Коле Чашуле е мошне интересен соговорник, особено кога е во прашање, како што вели самиот неговата Латинска Америка. Ја има најблиска од сите места каде претстојувал, како своја.

Штрајк на типовци

А1 - 16.10.2001

Дел од вработените во скопската фабрика „Типо“ денеска протестираа пред управната зграда. Работниците од цигланата на „Типо“ во Драчево го стопираа производствто и дојдоа од директорката да побараат плата, сини картони и подобри услови за работа.

Тркалезна маса на Граѓанскиот пакт за југоисточна Европа

А1 - 16.10.2001

Тркалезна маса на тема „Влијанието на политичките реформи врз иднината на македонското општество“ треба да се одржи денеска во Скопје во организација на генералниот секретаријат на Граѓанскиот пакт за југоисточна Европа. На трибината, како што е најавено, ќе учествуваат пратеници од македонскиот ...

Риби-непријатности

Дневник - 16.10.2001

Ве очекуваат непријатности поради претерано непријателство меѓу соработниците, но не се грижете. Ќе бидете непобедливи и во состојба да завртите се во ваша корист. На финансиски план мало затишје. Планираните приходи малку ќе ви задоцнат.

Патниците ги влечкаат торбите до пероните на железничката станица

Дневник - 16.10.2001

ПОДВИЖНИТЕ СКАЛИ заглавени Граѓаните што имаат многу багаж може да ги користат товарните лифтови, но само ако багажот се транспортира со товарните вагони, за што треба дополнително да платат Скопската железничка станица и по 20-годишна употреба, се уште е незавршен објект оти проектот за ...

Лондонското метро забрани постер на ренесансна дама со гола дојка

Вест - 16.10.2001

ЛОНДОН (Ројтерс) - Портретот на една дворска љубовница која ноншалантно ја покажува едната града беше избрана како постер за новата изложба на уметноста од реставрацијата што ќе биде отворена в четврток во Национална галерија за портрети, но поради цензурата не беше поставен во метрото на градот.