TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-10-15 - 2001-10-21

Китинов во финалето на двојки во Хелсинки

Вест - 20.10.2001

Тенис Македонскиот тенисер Александар Китонов, заедно со Џек Вејт (САД) ќе игра во финалето во двојки на 50.000 долари вредниот АТП челинџер турнир во Хелсинки. Во полуфиналето Китинов/Вејт, инаку втори носители беа подобри од австралиско - украинската комбинација Стивен Ранѓеловиќ/Орест Терешчук ...

Китинов/Вејт финалисти во Финска

Дневник

Китинов/Вејт одлични во Хелсинки

Вест
3 поврзани вести »

Владата ниту одобрува поскапување ниту ги покрива загубите

Вест - 20.10.2001

АД "ТОПЛИФИКАЦИЈА" НАЈАВУВА ТУЖБА ПРОТИВ ИЗВРШНАТА ВЛАСТ Доколку не се покријат трошоците направени поради одолжувањето на одговорот од Владата за поскапување на греењето, "Топлификација" правдата ќе ја побара на суд. Владините игри со цената на греењето може АД "Топлификација" ќе ја тужи Владата ...

Ќе ги поскапи ли Топлификација услугите за 7 проценти

А1

Радијаторите ќе се вклучат кога три дена по ред температурите ќе се спуштат под 12 степени

Вест
3 поврзани вести »

Сите стрелци - капитени

Дневник - 18.10.2001

СЛОГА ЈУГОМАГНАТ - ТИКВЕШ 3-0 (0-0) Со трите гола постигнати во 2. полувреме, Слога Југомагнат забележа убедлива победа против Тиквеш. Стрелци на головите беа Беќири во 49. минута, Ариф во 77., и Х. Бегановиќ во 85. Сите тројца (Бегановиќ првпат вчера) беа капитени на Слога Ј. во минатото.

Остро го осудуваме инцидентот што го предизвика Ариф

Дневник

Ариф го нападна новинарот на "Скок"

Вест
3 поврзани вести »

Штетите од војната надминаа една милијарда германски марки

Вест - 19.10.2001

СПОРЕД НАЈНОВИТЕ ПОДАТОЦИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА Последните проценки на Стопанската комора се дека вкупната штета што ја трпи стопанството, предизвикана од воената криза, изнесува околу 1,3 милијарда германски марки, што е 19,3 отсто од остварениот бруто-домашен производ во 2000.

Штетите од војната се 1,2 милијарди ГМ

Дневник

Кризата ја чинеше Македонија над една милијарда марки

А1
3 поврзани вести »

Сиромашно живеат половина милион граѓани

Дневник - 17.10.2001

ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА Во земјава сиромашно живеат 22,3 отсто од населението. Бројот на сиромашните домаќинства од 1997 до 2000 година е зголемен за 3,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според истите податоци, најсиромашни се домаќинствата со деца, а такви се 28,4 ...

Во сиромаштија живеат 22,3 отсто од македонските граѓани

Вест

450.000 луѓе во Македонија живеат во сиромаштија

А1
3 поврзани вести »

Груевски ги дисциплинира пасивните даночници

Вест - 20.10.2001

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ГИ ОБВИНУВА РЕГИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ НА ДАНОЧНАТА УПРАВА ЗА НЕАЖУРНОСТ До понеделник ќе бидат познати имињата на директорите на регионалните центри кои, поради потфрлање во наплатата на даноците и придонесите, ќе бидат сменети, доколку во најкус можен рок не се поправат.

Груевски ќе ги дисциплинира даночниците

Дневник

Дупката во наплата на даноците на свој начин ја среди Груевски

А1
3 поврзани вести »

Бик-мала напнатост

Дневник - 18.10.2001

На работното место ќе чувствувате мала напнатост. Бидете внимателни со сите работи поврзани со администрација, странство и со подалечни патувања. Не се обидувајте нешто да промените во односите со претпоставените, иако се работи за нешта од кои може да бидат задоволни.

Бик-се е можно

Дневник

Бик-среќата во љубовта

Дневник
3 поврзани вести »

Бугарија ќе дојде само ако Македонија се согласи

Вест - 18.10.2001

Точно е дека мојот колега од Бугарија, министерот за одбрана и неговиот домаќин, германскиот министер за одбрана по нивната средба во Германија, дадоа изјава - не дека е донесено решение, туку дека е возможно, ако НАТО донесе решение да префрли дел од своите сили во Авганистан, тогаш во Македонија ...

Македонската гранична полиција ќе се обучува во Бугарија

Вест

Средба Петканов - Бошковски

А1
3 поврзани вести »

Една третина од работниците на Газела ќе бидат вратени на работа

А1 - 19.10.2001

Една третина од 320-те работниците од скопска Газела што добија отказни решенија ќе бидат вратени на работа, изјави директорот на фабриката Никола Цветановски, коментирајќи дека е пдобро да си одат 200 луѓе отколку да бидат отпуштени сите 1200 работници, како што предвидува зконот за стечај.

Ламбе Арнаудов и Методија Смиленски сакаат бадијала да ја купат "Газела"

Вест

Сомнителна продажба на „Газела“

А1
3 поврзани вести »

АПЕК го осуди меѓународниот тероризам

А1 - 21.10.2001

На самитот на земјите од азиско пацифичкиот регион во Шангај на последниот ден од дводневното заседание усвоена е заедничка декларација во која остро се осудува меѓународниот тероризам и со која се повикуваат сите земји од светот со заеднички напори да се спротивстават на ова современо зло.

Отворен самитот на АПЕК

А1

Буш на Самитот на АПЕК ќе бара поддршка

Вест
3 поврзани вести »