TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-10-22 - 2001-10-28

Продолжува процесот на приватизација на ЕСМ

А1 - 23.10.2001

Владата денеска ја избра консултантската куќа што ќе ја советува во процесот на приватизација на најголемото државно претпријатие во земјава, Електростопанство на Македонија. Со ова практично продолжува постапката на приватизација на ЕСМ, која беше стопирана поради безбедносната криза.

Американците се одушевени од моето џезирање со обични на вода наштимани шишиња

Вест - 23.10.2001

ЗОРАН МАЏИРОВ, МАКЕДОНСКИ ПЕРКУСИОНИСТ ВО ЊУЈОРК Македонскиот перкусионист Зоран Маџиров, кој веќе шест години живее во Њујорк, деновиве се радува на новото ЦД "Дует", заедничко со Тони Китановски, кое во рамките на годинашниот Скопски џез фестивал, ќе ја до Македонскиот перкусионист Зоран Маџиров, ...

Во Холандија марихуана на рецепт

Вест - 23.10.2001

Во Холандија, каде марихуаната може да се купи по цена пониска дури и од онаа на некои лекови, Владата усвои нацрт-закон со кој на аптеките ќе им се овозможи да пишуваат рецепти за издавање на канабис. Се очекува дека холандскиот Парламент во наредниве неколку месеци ќе ја изгласа одлуката, ...

"Чинчиларот од Кочани го натепавме оти не измами"

Дневник - 23.10.2001

ОБВИНЕТИ ГРАБНУВАЧИ И НАСИЛНИЦИ ТВРДАТ Прилепчаните Томе Стојановски и Страшо Ѓорѓиоски, кои минатиот месец го киднапирале Велјо Милошевиќ од Кочани за да му изнудат долг, тврдат дека делото го сториле оти Милошевиќ претходно ги измамил за 6.000 ГМ.

"Албанците не се спремни да ги пречекаат назад старите соседи"

Дневник - 23.10.2001

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛИПКОВО за состојбата во матеЈЧе Градоначалникот на општината Липково, Хусамедин Халили, бара да се одложи влегувањето на протераното население во селото Матејче зашто таму "не биле создадени услови за соживот".

Слон уби чувар во зоолошката градина во Лондон

Вест - 23.10.2001

Чуварот во зоолошката градина во Лондон, 44-годишниот Џим Робсон им подлегна на повредите, со кои се здоби завчера попладне, кога беше прегазен од слон. Според првичните информации Робсон се лизнал и паднал во просторот каде се чуваат слоновите, по што преку него поминале еден до три животни.

Укинати ограничувањата за увоз

А1 - 23.10.2001

А од први јануари идната година, Македонија ги укинува количинските ограничувања за увоз на стоки од вкупно 142 земји од светот. Овие ограничувања се укинуваат како дел од процесот на зачленување на Македонија во Светската трговска организација. Укинувањето ќе оди во две фази.

МНТ како буре без дно

Вест - 23.10.2001

РЕАКЦИИТЕ ЗА ДУБИОЗИТЕ ВО МНТ НЕ СТИВНУВААТ "ВЕСТ" дозна: фамозната фирма "Силинг мастерс" која Цветкоски ја форсираше да биде изведувач на покривот на МНТ е регистрирана во Холандија, сопственик е Димитар Николов, поранешен член на "Република"... Турбуленциите во МНТ не стивнуваат.

Германците подарија 66 илјади марки за Брзата помош

Вест - 23.10.2001

ОД СОРАБОТКАТА НА КФОР И ГРАДОТ СКОПЈЕ Средствата ќе бидат искористени за обнова на зградата и просториите Германскиот контингент на КФОР на градот му подари 66 илјади германски марки, кои ќе бидат пренасочени за обнова на Брзата помош.

Осумчасовен настап на ѕвездите за полицајците и пожарникарите

Дневник - 23.10.2001

КОНЦЕРТ ВО ВАШИНГТОН Помалку од 24 часа по маратонската свирка во Њујорк во саботата, музичките ѕвезди, меѓу кои и Мајкл Џексон, "Бекстрит бојс" и Мараја Кери, одржаа концерт и во Вашингтон за да го охрабрат градот, чиј морал беше на ниско ново по нападите од 11 септември и по појавата на антраксот.