TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-02-05 - 2001-02-11

Нападот бил извршен со бомба "кашикара"

Вест - 06.02.2001

ПО ФРЛАЊЕТО НА ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО ДВОР НА КУЌА ВО ДЕБАР Бомбашкиот напад врз домот на дебарчанецот Ибруш Салиовски е извршен со бомба "кашикара" од југословенско производство- тврдат во МВР. Ова е констатирано по извршеното вештачење на Управата за криминалистичка техника, врз остатоците што ...

Со "кашикара" сакале да го натераат да раскине договор за наем на ресторан?

Дневник - 06.02.2001

ПО ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ДВОР НА КУЌА ВО ДЕБАР Бомбата што била фрлена во неделата вечер околу 2.45 часот во дворот од куќата на Ибрус Саловски (45) во Дебар, најверојатно требало да го заплаши и да го натера да си "оди" од ресторанот "Европа", кој тој го држи под наем, дознаваме неофицијално.

Репрезентативните собири и акции се одложуваат

Вест - 06.02.2001

Стручниот совет на РСМ никако да ги "аминува" програмите на селекторите, а. . . Се додека Стручниот совет на Ракометниот сојуз на Македонија не ја даде својата согласност за програмите на подготовки на селекторите на националните тимови во сите категории, селекторите се стават во ситуација да не ...

Плоштадот Македонија ќе се загради со столбови

Вест - 06.02.2001

ГРАДСКОТО РАКОВОДСТВО НЕМОЌНО ДА СЕ СПРАВИ СО СООБРАЌАЈОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Градоначалникот Ристо Пенов за 20-ина дена најави целосно затворање на плоштадот Македонија со столбови, со што секое движење на возила ќе биде оневозможено За 20-тина дена градското раководство целосно ќе го затвори ...

Граѓаните бараат да се премести автопазарот, општинарите чекаат да се донесе ДУП

Дневник - 06.02.2001

АВТОКОМАНДА Советниците од општината Гази Баба ќе поднесат иницијатива за преместување на скопскиот автопазар, кој се наоѓа на царинските терминали на АД "Фершпед" во населбата Автокоманда за да се обезбеди непречено одвивање на сообраќајот во тој дел од градот.

Новиот градски архитект ветува нов план

Вест - 06.02.2001

НИКОЛА ВЕЛКОВСКИ И ОФИЦИЈАЛНО ГО ЗАПОЧНА ЧЕТИРИГОДИШНИОТ МАНДАТ Јавната расправа за донесување на Генералниот урбанистички план ќе започне на 26 фебруари Градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов вчера го претстави новиот главен градски архитект Никола Велковски.

"Галските петли" презедоа една од "трите круни" на Швеѓаните

Вест - 06.02.2001

"Галските петли" продолжуваат да ја шират својата хегемонија во спортовите со топка. По преземањето на тронот во светскиот и европски фудбал, олимпиското "сребро" во кошарката, Франција го поврати приматот во светскиот ракомет во кој што уживаше во периодот од 1995-97 година, кога за првпат се ...

Ураниумот виновник за зголемениот број болни од рак во Босна

Вест - 06.02.2001

КАСИНДО, Босна (Ројтерс) - "Овде се случува нешто што досега не се случуваше", вели еден доктор од една болница во српско Сараево. Славко Здрале, доктор во болницата Касиндо во предградието на Сараево што е под српска контрола вели дека здравјето на босанските Срби е загрозено од осиромашени ...

МНТ пазарува од компањонот на генералниот

Вест - 06.02.2001

ВО ДОСЛУХ Се што се печати како програмче и се што се користи како административен материјал во МНТ се купува од "Југореклам". Всушност, тука е врската меѓу генералниот на МНТ Бранко Цветкоски и газдата на "Југореклам" Милован Миловановиќ.

Димовска си поигрува со безбедноста на Македонија

Вест - 06.02.2001

ЕКСМИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ЗА НАВОДИТЕ ДЕКА НАБАВИЛ ПРИСЛУШНА ОПРЕМА ОД ЦИА Со тоа што министеркат за внатрешни работи Доста Димовска, заради разни интереси, им потшепнува на одредени новинари и медиуми информации кои се од витален национален интерес, одава државни тајни и ја ...