TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-02-12 - 2001-02-18

За крвавиот уличен пир кај ТЦ "Бисер" 15 години затвор

Вест - 13.02.2001

Исмаил Јашари што среде бел ден пред очите на скопјани посегна по животот на неговата пријателка Весна Тодоровска Чанкуловска, заработи казна затвор во траење од 15 години. Судскиот совет во скопскиот Основен суд 2 донесе ваква пресуда, откако на главниот претрес беше во детали изложен крвавиот пир ...

ДПА води воена евиденција и регрутира македонски Албанци за јужна Србија

Вест - 13.02.2001

ЛИДЕРОТ НА ДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ТВРДИ: Трајанов го обвини врвот на ДПА за бомбашките напади во Арачиново, Теарце и останатите полициски станици, бидејќи екстремните структури во Македонија, според него, идеолошката подлога ја имаат во ДПА.

Фото-финиш, ама и "фотка" на годината

Вест - 13.02.2001

ВЕСТ-СПОРТ На Мерион Џонс лани не и беа потребни фото-финиши, како корпус деликти на нејзините победи. Едноставно, кога таа трчаше во текот на целата ланска сезона, единствените механички уреди што работеа беа мерачите на време, толку за да не се "утне" евентуалниот нов светски рекорд.

Кулите заградени од картонски кутии, станарите немаат мир од дивите продавачи

Дневник - 13.02.2001

КАЈ ЗЕЛЕНОТО ПАЗАРЧЕ Граѓаните што живеат во двете кули кај зеленото пазарче во центарот на градот се жалат дека постојано се вознемирувани од дивите продавачи, кои стоката ја нудат пред влезот на пазарот на картонски кутии. Освен што им го попречуваат пристапот до зградите, граѓаните велат дека ...

Адвокатската комора бара прекин на штрајкот во правосудството

Вест - 13.02.2001

Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија реши да побара прекин на штрајкот во правосудството во земјава, се вели во денешното соопштение на Комората. Во него се истакнува загриженост поради долготрајното неработење на судовите и неможноста странките да ги остваруваат со Устав ...

Волонтерско советувалиште за жени и деца

Вест - 13.02.2001

ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ПРОЕКТОТ НА СОЖМ Сојузот на организации на жените на Македонија (СОЖМ) волонтерски го продолжи проектот " Советувалиште за деца и жени жртви на насилство". Советувалиштето работи во просториите на женскиот центар спроти Градска болница.

Три обиди за самоубиство на еден Холанѓанец

Вест - 13.02.2001

ХАГ, (Ројтерс) - Еден Холанѓанец беше примен во душевна болница, откако неколкупати едно по друго се обидувал да изврши самоубиство со скок од мостот во Хаг, објавува полицијата. Полицијата дознава дека човекот три пати се фрлал во водата близу до центарот на градот.

Американски авиони бомбардирале цивилни објекти во Ирак

Вест - 13.02.2001

Багдад, 13 февруари - Ирак вчера соопшти дека американски воени авиони завчера бомбардирале домови на цивили во јужниот дел на земјата при што се ранети седум лица.Ирачки воен претставник изјави дека американските авиони урнале 17 станбени објекти со селото Нахран Омар, во областа Басра.

Пелистер во моментов со само еден шпиц-играч

Дневник - 13.02.2001

ПРЕД КУП-СРЕДБАТА СО ВАРДАР Фудбалскиот прволигаш Пелистер се наоѓа во Дојран, каде што се подготвува за првиот пролетен куп-натпревар со Вардар, но и за продолжението на првенството. Досега тие одиграа две контролни средби и тоа со Југохром (3-1) и Караорман (1-2), а вчера требаше да се сретнат со ...

"Вардар филм" и "Македонија филм" ќе станат Филмски центар?

Вест - 13.02.2001

ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА СЕ ПРЕДВИДУВА Елаборатот за овој центар што би бил сервис за техничка помош при снимање на филмови го направи студентот на втора година по филмска режија Кристијан Даниловски заедно со Јордан Пановски и допрва треба да и го поредаде на министерката за култура која ...