TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2001-02-19 - 2001-02-25

Споменикот на паднатите борци ќе се премести од "Вардарски рид"

Дневник - 20.02.2001

ГЕВГЕЛИЈА На нова локација ќе биде преместен споменикот на паднатите борци од НОБ кој сега се наоѓа на акрополата на локалитетот Вардарски рид. Народниот музеј од Гевгелија ќе работи и на археолошкиот локалитет Брданов камен кај Богданци и во црквата "Свети Илија" во Стар Дојран.

ЕмилБожиновски меѓу 30-те најперспективни европски судии

Вест - 20.02.2001

ФСМ Еден од нашите најдобри фудбалски судии и носител на знакот на ФИФА, Емил Божиновски ќе учествува на тестирањето кое од 12 до 14 март ќе се одржи во Нион (Швајцарија). На проверката ќе учестуваат триесете најперспективни европски делители на фудбалската правда.

Почина сликарот Балтус

Вест - 20.02.2001

Францускиот сликар Балтус, еден од најдобрите реалистични сликари во 20-от век, почина завчера во својот дом во Росиние. Роден е на 29 февруари 1908, како Конт Балтазар Клосовски де Рола, во полско семејство. Почина 11 дена пред својот 93 роденден, во својата вила во ...

Од историскиот буџет за Скопје само еден процент

Вест - 20.02.2001

СКОПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ЖАЛИ НА МАЛИТЕ БУЏЕТИ ЗА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА Според градоначалниот Ристо Пенов малкуте пари значат откажување од многу проекти Градоначалниот на Скопје Ристо Пенов се жали на малите средства што Владата ги распредели во буџетите на локалната самоуправа.

Претепал и силувал 75 годишна жена

Вест - 20.02.2001

ВО СЕЛОТО ШАШАВРЛИЈА, ШТИПСКО Во селото Шашаврлија на подножјето на Плачковица, Штипско на брутален начин деновиве била силувана 75 годишната Ѓ. Т. Осомничен извршител на ова дело е 27 годишниот Ванчо Костадиновски од истото село.

Ветаџокоски оди на СП за да собере искуство

Дневник - 20.02.2001

МАЛ ФУДБАЛ Селекторот на македонската репрезентацијата во мал фудбал, Пеце Ветаџокоски, утре патува во Москва (Русија), каде што ќе присуствува на Светското првенство што почнува задутре и ќе трае до 28 февруари. - Во Русија ќе одам за да бидам во тек со современите светски збиднувања во малиот ...

Уште не завршил првиот, а Владата најави втор тендер за обновување на аеродромот

Вест - 20.02.2001

РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ВЛЕГУВА ВО ПРАВНИ ЛАВИРИНТИ Двајцата избрани учесници на првиот тендер, германско-австрискиот конзорциум "Цандер" и американската корпорација "Аринк" добиле официјална покана од Владата да учествуваат на вториот тендер за реконструкцијата на аеродромот, кој ќе ...

Демолиран клубот "Братство-единство" во МКЦ

Вест - 20.02.2001

За викендов пред клубот "Братство- единство" во Македонскиот културен центар било жестоко. Лирим Кадриу, Самет Абдулаи, Бесник Мурати, Хасан Абдулаи и Неат Хусеин околу еден часот во неделата се обиделе да влезат во клубот. Но, Насер Јакупи кој стоел пред влезот од клубот го пуштил да влезе само ...

Бугарската полиција ќе ја испитува лојалноста на службениците со детектор за лаги

Вест - 20.02.2001

Софија, 20 февруари - Бугарското Министерство за внатрешни работи вчера најави дека во четврток ќе почне со спроведување на акцијата "лојалност", со која се предвидува испитување со детектор за лаги на целиот раководен кадар во сите служби и сектори на Министерството.

Павароти на суд оти не плаќал данок

Вест - 20.02.2001

Познатиот италијански тенор Лучано Павароти на втори мај ќе мора да се појави на суд во неговиот роден град Модена, поради неплаќање данок, соопшти еден од неговите адвокати.Павароти е обвинет поради лажните даночни извештаи од годишните концерти во Модена за периодот од 1989 до 1995 година, но не ...