TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2002-06-17 - 2002-06-23

Даночници и полицајци упаднаа во "Фершпед"

Утрински - 20.06.2002

Се прибираат документи за предистражна постапка Управата за јавни приходи и полицијата пред два дена извршија упад во дирекцијата на "Фершпед". Тие со судски налог под образложение дека прибираат документи за предистражна постапка, веќе трет ден вршат претресување на документите на оваа најголема ...

Работнички Фершпед организира летен камп во Маврово

Вест
2 поврзани вести »

Македонците во Албанија најавуваат формирање политичка партија

Утрински - 20.06.2002

Доколку Тирана не ја прифати резолуцијата за правата на малцинствата ОХРИД - Доколку Тирана не ја прифати резолуцијата за унапредување на правата на националните малцинства, Македонците и претставниците на другите етнички заедници во Албанија најавуваат дека ќе формираат политички партии кои на ...

Малцинствата бараат Тирана да ги почитува нивните права

Утрински
2 поврзани вести »

Се затвора и улицата Мито Хаџивасилев - Јасмин

Дневник - 21.06.2002

ОД ПОНЕДЕЛНИК Поради реконструкција на улицата Мито Хаџивасилев - Јасмин од понеделник ќе биде забранет сообраќајот на потегот од НИП "Нова Македонија" до Католичката црква. Забраната нема да важи за автобусите од јавниот градски превоз и тие ќе се движат по улицата, но под отежнати услови, велат ...

Од понеделник реконструкција на Мито Хаџивасилев - Јасмин

Вест
2 поврзани вести »

Лидерите на ЕУ на самитот прво гледаат фудбал, паразговараат за илегалната имиграција

Вест - 22.06.2002

Германскиот канцелар Шредер се радува на победничкиот гол на германската репрезентација на вчерашниот меч против САД СЕВИЛЈА, 22 јуни (АП) - Лидерите на Европската унија, со два дена задоцнување поради одржувањето на Светското првенство, вчера го почнаа дводневниот самит на кој ќе се разговара за ...

Европејците на самит за илегалната имиграција

А1
2 поврзани вести »

"На Македонија и треба консензус за демократија"

Дневник - 20.06.2002

ЕРХАРД БУСЕК, КООРДИНАТОР НА ПАКТОТ ЗА СТАБИЛНОСТ Исходот од парламентарните избори треба да значи враќање на стабилноста во земјата, во спротивно може да има уште поголема поларизација, вели Бусек Исходот од парламентарните избори и тоа што ќе следува по нив треба да значат враќање на стабилноста ...

Заедничкиот пазар - приближување до ЕУ

Утрински
2 поврзани вести »

Пенов ќе ги лечи болните дрвја, а исушените ќе бидат исечени

Дневник - 21.06.2002

ПРИ УРЕДУВАЊЕТО НА КЕЈОТ НАСТРАДАА ЈАВОРИТЕ На шеталиштето "13 Ноември" се исушени 13 дрвја. Дел од нив наскоро ќе се исечат, а другите ќе ги "лекуваат" стручњаците од Шумарски факултет и од јавното претпријатие "Паркови и зеленило".

На кејот "13 Ноември" исушени 13 дрвја

Утрински
2 поврзани вести »

Во Скопско деактивирана "жабица", а во Виничко пронајден динамит

Дневник - 20.06.2002

ЕДИНИЦА ЗА АНТИТЕРОРИЗАМ Единицата за антитероризам на Министерството за внатрешни работи завчера попладне во скопското село Брњарци деактивирала заостаната граната од жабица. Граната околу 15 часот во близина на селските гробишта ја пронашле жителите на селото.

Најдена и уништена граната во скопското село Брњарци

Вест
2 поврзани вести »

Дваесетина поети ќе читаат песни посветени на Скопје

Дневник - 18.06.2002

"ПРАЗНИК НА ЛИПИТЕ" На македонскиот писател Радован Павловски и на Адам Пуслоиќ од Југославија, денеска во 10.00 часот, во Друштвото на писатели, свечено ќе им бидат врачени наградите "Книжевни жезла" за творечки опус. Наградите ги доделува манифестацијата "Празник на липите", а ќе ги врачи ...

Манифестација "Празник на липите"

Утрински
2 поврзани вести »

Недовршена симфонија

Утрински - 21.06.2002

Место во историјата: Заминувањето на Паоло Малдини, рекордерот по минутажа на СП Заминаа Габриел Батистута, Луис Фиго, Хозе Луис Чилаверт, Марк Вилмотс, Ален Бокшиќ, Клаудио Каниџа, Јури Џоркаеф, Рој Кин, Патрик Мбома. Своите последни денови на СП ги најавија и Фернандо Иеро, Дејвид Симан, Оливер ...

Рекордерот тажно се прости од мундијалите

Дневник
2 поврзани вести »

Унгарскиот премиер бил поранешен комунистички агент

Утрински - 20.06.2002

Новата влада во Будимпешта ненадејно западна во криза БУДИМПЕШТА - Унгарскиот премиер Петер Меѓеши вчера призна дека пред 20 години работел како контраразузнавачки агент во комунистичката тајна служба. Во обид да спречи политичка криза поради обвинувањата во еден весник и од страна на опозицијата ...

Премиерот Меѓеши призна дека бил ловец на шпиони

Дневник
2 поврзани вести »