TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2003-01-06 - 2003-01-12

Македонија на стартот со две победи против Бугарија

Дневник - 06.01.2003

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2004 Без нималку проблеми и резултатска неизвесност, македонските ракометни репрезентативци со две победи над Бугарија стартуваа во квалификациите за пласман во баражот за ЕП 2004. Вчера нашите најдобри ракометари победија и во Габрово, со 35-30 (16-13) откако и во петокот во ...

Бугарите како добра можност за загревање

Вест

Лесно против аутсајдерот Бугарија

Утрински
3 поврзани вести »

Нуњез и Баранкос први Аргентинци во Прилеп

Дневник - 10.01.2003

ФУДБАЛ Од трансфер-листата се симнати голманите Пејиќ и Тенев Аргентинците Жорге Нуњез (22) и Гонзало Баранкос (23) се најавените интернационалци што наскоро треба да пристигнат во Прилеп на проба, со можност да бидат дел од екипата на Победа во пролетниот дел.

"Гаучосите" Нуњес и Баранкос во Победа

Вест

Со Аргентинци кон фудбалска Европа

Утрински
3 поврзани вести »

Коби Брајант со 12 тројки го победи Сиетл

Дневник - 09.01.2003

НБА Бекот на ЛА лејкерс за една тројка го подобри рекордот на Дени Скот од пред седум години, предводејќи го тимот во 15-та победа од 35 меча Актуелниот НБА-првак, Лос Анџелес лејкерс, славеше против Сиетл со 119-98, во еден од четирите натпревари одиграни вчераутро во НБА-лигата.

Неверојатни девет тројки едноподруго на Коби Брајант

Утрински

НБА: Рекорд на Коби Брајант - 9 последовни тројки

А1
3 поврзани вести »

Јован Манасиевски: „Социјалците нема да останат без помош“

А1 - 11.01.2003

Владата ја почна чистката на незаконските корисници на социјална помош. Дали покрај нив ќе настрадаат и оние на кои навистина им е потребна? Дали министерството за социјала гарантира фер селекција на социјалните списоци? Колку функционерите ја злоупотребувале категоријата „државна помош“? ...

Корисниците на социјална помош треба да докажат дека се социјалци

А1

Сиромаштијата ќе се докажува со сметка за струја

Вест
3 поврзани вести »

Кашкавалот и сирењето од Бугарија отидоа како алва

Утрински - 10.01.2003

Почна примената на принципот прв дојден - прв услужен во распределбата на квоти На првиот ден од почетокот на примената на новиот принцип на распределба на квотите за бесцарински увоз на производи од земјите со кои имаме договори за слободна трговија, според информацијата од Царинската управа на ...

Фирмите масовно увезуваат кашкавал, сирење, чоколади и портокали

Дневник

Започна поделбата на квотите за бесцарински увоз

А1
3 поврзани вести »

Јаница и Еберхартер најбогати

Утрински - 10.01.2003

Во досегашниот дел од скијачката сезона Успешно го наплатува повеќегодишниот труд - Јаница Костелиќ, моментно најдобрата во светскиот "бел циркус". Костелиќ во досегашниот делод сезоната го однесе најголемиот награден фонд во трките од Светскиот куп вклучувајќи ги и скијачите.

Ивица и Јаница Костелиќ победија во ист ден

Дневник

Јаница со триумф го прослави 21. роденден

Утрински
3 поврзани вести »

Вооружен разбојник ограбил продавница во Куманово

Вест - 11.01.2003

Маскирано и вооружено лице завчера извршило разбојништво врз продавачка во продавницата "Елида" на улица "Страшо Симонов" во Куманово, од каде одзел парите од касата, а потоа избегал во непознат правец. По разбојништвото, случајот бил пријавен во полиција која трага по непознатиот насилник.

Вооружени разбојници ограбиле продавница во Скопје

Вест

Од таксисти, продавачки и минувачи ограбени над 300.000 денари

Вест
3 поврзани вести »

Буш објави план за заживување на американската економија

Вест - 09.01.2003

Вашингтон 9 јануари - Претседателот на САД Џорџ Буш го објави десетгодишниот план за поттикнување на американската економија, вреден 674 милијради долари. Планот предвидува мерки за привлекување инвестиции, зголемување на потрошувачката, зацврстување на довербата во берзите и помош за невработените.

Буш ќе ја стимулира економијата со 674 милијарди долари

Утрински

Прва конститутивна седница на американскиот Конгрес

А1
3 поврзани вести »

Предконгресна атмосфера во СДСМ

А1 - 11.01.2003

Битката за генерален секретар, барем според досегашните кандидатури, е поинтересна од онаа за лидер на СДСМ пред партискиот конгрес на 8-ми февруари, кога ќе се избира и нов централен одбор. Тито Петковски најверојатно ќе има доволно кандидатури од базата за да биде утврден како противкандидат на ...

Црвенковски останува лидер, нов генерален секретар Макрадули?

Утрински

Црвенковски нема да има противкандидат за лидер на СДСМ?

Дневник
3 поврзани вести »

Македонците незадоволни од местоположбата на спортската сала во Шемшово

Утрински - 11.01.2003

Камен-темелникот на новиот објект поставен во близина на бистата на Јумни Јонузи ГОЈКО ЕВТОВСКИ Вчера и официјално Азиз Положани, министер за образование и наука, го постави камен-темелникот на нова спортска сала во Шемшово. Според Положани, изградбата на салата е дел од компромисот околу проблемот ...

Бистата на Јонузи остана во училишниот двор, Македонците продолжуваат со бојкотот

Дневник

Во училиштето во Шемшево поставена табла со името на селото

А1
3 поврзани вести »