TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

2004-06-07 - 2004-06-13

Уапсени осомничени за вчерашниот напад врз Кинезите во Авганистан

А1 - 11.06.2004

Две лица се уапсени поради сомневање дека се поврзани со вчерашниот напад во северен Авганистан, во кој загинаа 11 кинески работници, изјави денеска авганистанскиот генерал Мохамед Дауд. „Двајца осомничени се уапсени денеска, додека и натаму се трага по уште три лица“, истакна Дауд.

Терористи убија 11 кинескиградежници во Авганистан

Дневник

Терористи убија 11 кинески хуманитарци

Утрински

11 Кинези - работници убиени во Авганистан

Вест

Вооружени терористи убиле 20 кинески работници во Авганистан

А1
5 поврзани вести »

Почина Реј Чарлс - музичкиот гениј

Време - 12.06.2004

СВЕТОТ ЈА ЗАГУБИ ГОЛЕМАТА ЛЕГЕНДА Американската музичка легенда Реј Чарлс почина во четвртокот во својот дом во Беверли Хилс, како последица на болест на црниот дроб. Реј Чарлс за време на шестдецениската кариера успеа да се стекне со називот гениј на соулот и влезе во халата на славните на ритамот ...

Почина Реј Чарлс - "таткото на соулот"

Дневник

Почина Реј Чарлс, таткото на соулот

Вест

Човекот што го воведе светот во соул - музиката

Утрински

Почина легендата на соул-музиката Реј Чарлс

А1
5 поврзани вести »

МВР не знае дали Исмаил Беџети е сопственик на „Секуритас М“

А1 - 12.06.2004

МВР дури од понеделник ќе разгледува каква е одговорноста на полицискиот началник во ДБК Исмаил Беџети во случајот со пронајдените проститутки во Жеровјане. Беџети од страна на директорот на агенцијата за обезбедување „Секуритас-М“ беше посочен како сопственик на фирмата одговорна за безбедноста на ...

Проститутки криени во бункер на ноќен бар

Дневник

Осум Бугарки приведени поради проституција

Време

Во Жеровјане приведени 8 Бугарки и 2 Македонки поради проституција

А1

Приведени 10 девојки принудувани на проституција

Вест
5 поврзани вести »

Савевски нема право на повторна кандидатура

Време - 11.06.2004

МЕДИЦИНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ОСТАНА БЕЗ ДЕКАН Досегашниот декан на Медицинскиот факултет, професорот Јордан Савевски, само за шест гласа ја загуби можноста третпат да стане декан на овој факултет. При реизборот, од 262 професори во вториот круг за него гласале 125, што е за шест гласа помалку од ...

Савевски се врати во Металург

Вест

Неуспешен избор за декан

Утрински

Савевски се врати на клупата на Металург

Време

Металург го враќа Савевски за тренер

Дневник
5 поврзани вести »

Подобар третман на писателскиот труд

Време - 09.06.2004

ТРАЈАН ПЕТРОВСКИ, НОВОИЗБРАН ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПИСАТЕЛСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА Весна Дамчевска Со мнозинство гласови на неодамна одржаното изборно собрание на Друштвото на писателите на Македонија писателот Трајан Петровски е избран за нов претседател на оваа асоцијација.

Потребна е децентрализација и деполитизација на писателите

Дневник

Трајан Петровски е новиот претседател на ДПМ

Утрински

Трајан Петровски е нов претседател на Друштвото на писателите

Дневник

Трајан Петровски претседател на ДПМ

Вест
5 поврзани вести »

Американски воен инструктор убиен во Саудиска Арабија

Време - 10.06.2004

НОВ НАПАД ВРЗ СТРАНЦИ ВО РИЈАД Непознати вооружени лица вчера убиле американски воен инструктор во неговата изнајмена куќа во саудиската престолнина Ријад. Напаѓачите деветпати му пукале во главата на Роберт Џекоб, вработен во американската безбедносна компанија „Винел“, која ги обучува саудиските ...

Убиен Американец во Ријад

Утрински

Екипа на Би-би-си изрешетана во Саудиска Арабија

Време

Во Ријад убиен камерман на Би-Би-Си

Утрински

Еден британец загина, а еден е ранет во синоќешната престрелка во Ријад

А1
5 поврзани вести »

Полицајците ќе мора да ги враќаат заработените пари

Време - 10.06.2004

ПОЛИЦИСКИОТ СИНДИКАТ ПРОТИВ ВРХОВНИОТ СУД Уставниот суд да ја оцени законитоста на пресудата на Врховниот суд, според кој група вработени во СВР-Битола треба да ги вратат средствата што им беа исплатени како надомест за прекувремената работа, бара Македонскиот полициски синдикат (МПС).

Полицајците мора да го вратат воениот хонорар

Дневник

На полицајците треба да им се плати прекувремената работа во 2000 и 2001

Утрински

МПС бара преиспитување на одлуката на Врховниот суд

А1

МПС бара преиспитување на одлуката на Врховниот суд

Канал5
5 поврзани вести »

"Кале" благословено литургиско вино

Вест - 11.06.2004

ВЧЕРА НА СКОПСКИ САЕМ ДЕГУСТАЦИЈА НА ШАМПИОНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НА "СКОВИН" Црвеното вино на винарницата "Сковин" "кале", како победник во конкуренција на црвените вина, оваа година е благословено литургиско вино кое ќе се користи за светата причест во сите храмови на Македонската православна црква.

Награди за најдобри вина и тутун добија 90 производители

Дневник

Вината на "Тиквеш" и на "Сковин" апсолутни победници на АГРОФУД

Утрински

Избрани шампионите на виното и тутунот

Вест

АГРОФУД 2004 со над 400 излагачи

Утрински
5 поврзани вести »

Дел Понте: „Караџиќ можеби ќе биде предаден до 29 јуни“

А1 - 12.06.2004

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Карла дел Понте изрази надеж дека бившиот српски босански лидер Радован Караџиќ ќе биде уапсен кон крајот на месецот. „Имаме причини да мислиме дака Радован Караџиќ ќе ни биде предаден до 29 јуни“, изјави Дел Понте.

Камбовски: Хаг мора да "се притисне" да биде поекспедитивен

Утрински

Трибуналот ја затвора канцеларијата во Скопје

Утрински

Хаг планира да заврши голем број случаи до крајот на годината

А1

ХАШКИОТ ТРИБУНАЛ ЈА ЗАТВОРА КАНЦЕЛАРИЈАТА ВО СКОПЈЕ

Канал5
5 поврзани вести »

Избори за новиот состав на Европскиот парламент во 18 земји од ЕУ

А1 - 13.06.2004

Во 18 од 25-те земји членки на Европската унија денеска се одржуваат избори за новиот состав на Европскиот парламент. Избори за Европскиот парламент во изминатите денови беа одржани во Велика Британија, Холандија, Ирска, Чешка, Италија, Летонија и Малта.

Македонски пратеници ќе играат тенис во Прага

Време

Прв испит забруцошите во ЕУ

Дневник

Пратениците ем професионалци, ем забушанти

Време

Британците и Холанѓаните гласаат за пратеници во Европарламентот

А1
5 поврзани вести »