Постојаната мисија на Демократска Република Конго при ОН вчера испратила нота до македонското Министерство за надворешни работи во која потврдува дека нивната позиција во однос на името на Република Македонија останува непроменета. Двете држави воспоставија дипломатски односи во септември 1999 година.
Н.Македонија - А1 - Телма - Алсат-М - Канал5 - Дневник - Канал5 - Утрински
68 поврзани вести »"Не ми е што се коцкаш, ама лута сум кога се вадиш со коцката, и тогаш праиш највише зијан". Му рекла мајката на комарџијата. И, во право била. Проблемот е само што политиката не би требало да биде комар. Таа не се темели на коцкање, туку на проценка на можности и интереси, на сојузници и на градење во континуитет.
Н.Македонија - А1 - Дневник - Утрински - Утрински - Дневник - Време - Утрински
63 поврзани вести »Ниту проблемите со Лисабонскиот договор, ниту глобалната финансиска криза, не треба да го кочат проширувањето на Европската унија на Балканот, вели Еврокомесар за проширување Оли Рен. Тој во интервју за полскиот весник "Газета виброча", рекол дека кризата ги погодува сите. - Затоа не смееме од проширувањето да направиме жртвено јагне - изјавил Рен.
Алсат-М - Телма - Сител - Кирилица - Нетпрес - Макфакс - Утрински - Утрински
51 поврзани вести »Премирот Груевски не ја исклучува можноста одново да се сретне со Претседателот Бранко Црвенковски и со амбасадорот Никола Димитров, за уште еднаш да се дефинирата ставовите по последниот педлог за името од посредникот Нимиц „Очекувам на утрешната средба со заменикот помошник Државен секретар на САД, Стјуар Џонс , да биде соопштена американската позиција во однос на преговортие со Репулика ...
Н.Македонија - А1 - А1 - Канал5 - Телма - Алсат-М - Дневник - Утрински
46 поврзани вести »Во врска со акцијата на полицијата и управата за јавни приходи во која се проверува финансиското работење на дистрибутерите на цигари за да се утврди дали некој од легалните дистрибутери продавал од лажните брендови на тобако- босот Бајруш Сејдиу, од „Струмица табак“ известуваат дека нивната фирма не е дел од полициската и даночната акција и дека не вршат дистрибуција на цигари.
Форум - Сител - Н.Македонија - А1 - А1 - Канал5 - Време - Вест
43 поврзани вести »Полицијата го открила бројот на шасијата на моторот во кој била подметната бомбата, а кој се наоѓал пред автомобилот на Иво Пуканиќ во моментот на експлозијата, тврдат хрватските медиуми. Се претпоставува дека експлозивот од кој настрада Пуканиќ, бил скриен во мотор кој се наоѓал пред неговиот „Лексус“, но за тоа сеуште нема потврда од полицијата.
Нетпрес - Макфакс - Сител - Нетпрес - Вечер Прес - А1 - А1 - Вест
56 поврзани вести »Предноста на кандидатот на демократите за претседател на САД Барак Обама пред неговиот републикански ривал Џон МекКејн се намали на пет проценти, покажува анкетата на Ројтерс/Си-СПАН/Зогби. Обама има поддршка од 49, а МекКејн од 44 отсто од анкетираните Американци. Според претходно објавените анкети, водството на Обама пред Меккејн изнесуваше и над 10 проценти.
Утрински - Н.Македонија - BBC - Алсат-М - Канал5 - Сител - Макфакс - А1
50 поврзани вести »Парламентот даде виза за петтите уставни измени Парламентарците дадоа виза за новите, петти уставни измени. Владата е задолжена во рок од седум дена да подготви нацрт-амандмани, а клучната новина е намалувањето на цензусот од 50 на 40 отсто во вториот круг при изборот на претседател на државата.
Алсат-М - Канал5 - Алсат-М - Сител - Макфакс - Макфакс - Форум - Макфакс
27 поврзани вести »Република Македонија и Европската комисија завчера потпишаа Секторска спогодба за ИПАРД-програмата што е дел од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој. Документот во Брисел од име на македонската влада го потпиша вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски, а од страна на ЕК директорот на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој Жан-Лук Демарти.
Сител - Кирилица - Алсат-М - Алсат-М - Канал5 - Макфакс - Нетпрес - Сител
24 поврзани вести »Координаторот на програмата на Свеска банка за Косово, Брус Кортни, изрази надеж дека Косово следната пролет ќе стане членка на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) и Светска банка(СБ). Во интервјуто за „Слободна Европа“, Кортни вели дека Косово продолжило да постига економски раст од прогласувањето на независноста за 6%.
Вечер Прес - Сител - Нетпрес - Алсат-М - Макфакс - Нетпрес - Вест - Макфакс
32 поврзани вести »