Лидерите на латиноамериканските земји побараа од Соединетите Американски Држави да го укине 47 години старото економско ембарго кон Куба. На заедничка средба во Сан Салвадор, лидерите заклучија дека „едностраното ембарго е неприфатливо и нанесува штета на кубанскиот народ“.
Кирилица - А1 - Дневник - Макфакс
9 поврзани вести »Роза Петкова Децата во основните училишта, особено првачињата, често пати губат настава поради вируси и настинки, а ситуацијата е слична како и во градинките. И во училиштата не се врши контрола за здравјето на децата, па се случува тие да доаѓаат на часови и кога се болни.
6 поврзани вести »Протерувањето на македонскиот и на црногорскиот амбасадор од Белград не донесе корист за српската држава, и може да има само штетни последици за пријателските врски меѓу трите народи. Ова се наведува во писмото што македонската и црногорската заедница во Србија го испратија денеска до српскиот премиер Мирко Цветковиќ, во кое побараа враќање на амбасадорите.
Сител - Вест - Макфакс - Дневник
9 поврзани вести »Со огромен успех и со три фестивалски награди се закити претставата на Народниот театар од Прилеп „Тапани во ноќта” од Бертолд Брехт во режија на Мартин Кочовски. Претставата се овенча со наградата „Сребрен лавров венец“ за најдобра претстава од програмата на Средна Европа, една од четирите фестивалски програми, со „Златен венец“ за најдобар млад режисер за режисерот Мартин Кочовски и со ...
А1 - Кирилица - Макфакс - Вечер Прес
9 поврзани вести »Македонските банки се стабилни и нема потреба штедачите да ги повлекуваат влоговите; Бернард Коенинг. Причини се инфлацијата која бавно се намалува, трговскиот дефицит, а растат каматите на депозитите. Нина Нинеска-Фиданоска. Кредитите во земјава наскоро сигурно нема да поевтинуваат. Напротив, може да се очекува зголемување на каматите на одделни видови кредити.
Кирилица - Сител - Вечер Прес
8 поврзани вести »Информациите за трговијата со органи на киднапираните Срби и останатото неалбанско население на Косово, се манипулација. Ова денеска во Белград го изјави поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Артман, за време на конференција на локален Фонд за хуманитарно право.
8 поврзани вести »Општина Битола ја оградува зоната Жабени. БИТОЛА - Локалната власт во Битола почна со подготовки за изградба на индустриската зона Жабени. Просторот се оградува, а влезена е и механизација, која ќе работи на вградување водоводна мрежа, одводна канализација и електрична инсталација.
8 поврзани вести »Во филмска архива со современи стандарди за чување и заштита на аудиовизуелните добра што ги поседува Кинотеката на Македонија ќе се претворат Хавзи-пашините конаци. Идејата на Кинотеката и на Конзерваторскиот центар е да се ревитализираат Конаците, кои се споменик на културата, што се простира на околу 30.000 квадратни метри на периферијата на скопското село Бардовци.
8 поврзани вести »Финишира исплатата на субвенцијата од два денари за литар млеко. За оваа субвенција за двете тримесечја конкурирале повеќе од 11.000 фармери. Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството велат дека оние земјоделци кои задоцниле со доставување на откупните белешки за првото тримесечие, парите ќе ги добијат деновиве, со исплатата на субвенцијата за второто тримесечие.
8 поврзани вести »Престрелка во колеџ во Арканзас-две жртви. Литл Рок - Две лица загинаа, а едно е повредено при пукање во универзитетскиот кампус Конвеј во централен Арканзас, јавуваат агенциите. Според полицијата, пукањето се случило во неделата вечерта по локално време, но не е потврдено дали жртвите се студенти.
8 поврзани вести »