Генералниот штрајк на СОНК продолжува и утре и ќе трае се додека не се изнајде прифатливо решение, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Дојчин Цветановски. „Денеска имав разговор со претставник од Владата. Се обидовме и мислам дека се доближуваме полека до заемно прифатливо решение околу причините за генералниот штрајк, меѓутоа се уште не можам да кажам дека сме блиску или далеку од ...
Сител - Сител - Форум - Алфа - Вечер Прес - А1 - Канал5 - Канал5
234 поврзани вести »Српскиот претседател Борис Тадиќ во интервју за денешното издание на „Политика“ истакнува дека политиката што ја води Србија ја зацврстува државата на патот на европските интеграции. При тоа, посочува тој, не се откажуваме од одбраната на интегритетот на земјата ниту во еден меѓународен форум - од Европската унија до Обединетите нации.
Дневник - Вечер Прес - А1 - Алсат-М - Утрински - Дневник - Алсат-М - Време
134 поврзани вести »Министерот за внатрешни работи на Индија Шиврај Патил поднесе оставка поради морална одговорност за терористичките напади во кои беа убиени близу 200 луѓе. Неговото место ќе го заземе министерот за финансии. Во соопштението на коалициската влада предводена од Конгресната партија стои дека премиерот Манмохан Синг засега ќе го преземе раководењето со Министерството со финансии, но не се наведуваат ...
Дневник - Дневник - Алфа - Алфа - Сител - Макфакс - Р.С.Европа - А1
109 поврзани вести »Полицијата поднесе кривични пријави против четири лица кои беа приведени поради поврзаност со нападот на „алфите“ кај ПМФ во Скопје, при што еден полицаец загина, а двајца беа повредени. Двајца скопјани, еден жител на Арачиново и едно лице од Куманово, ќе одговараат за изработка, поседување и тргување со оружје. На еден од пријавените скопјани, истражен судија му одреди притвор од 30 дена.
А1 - А1 - Време - Вест - Канал5 - Време - Алсат-М - Нетпрес
58 поврзани вести »Жителите ќе добиваат секојдневни извештаи за загадувањето од „Окта“. Сања Наумовска. Вчера почна да се чисти каналот во селото Миладиновци, во кој се испушташе загадена отпадна вода од рафинеријата „Окта“, за што во октомври таа доби прекршочна пријава. Чистењето на каналот во должина од пет километри треба да биде завршено за неколку дена.
Време - Вест - Канал5 - Канал5 - Утрински - Дневник - Алфа - Вечер Прес
62 поврзани вести »Избраниот американски претседател Барак Обама се очекува утре за Државен секретар да ја назначи Хилари Клинтон. Официјалните лица на Демократската партија велат дека поранешниот претседател Бил Клинтон и го отворил патот за именување на функцијата Државен секретар при што се согласи да ги открие имињата на донаторите на неговата фондацијата за избегнување на конфликтот на интересите.
Канал5 - Време - Дневник - Утрински - Канал5 - Кирилица - Н.Македонија - А1
51 поврзани вести »Скопскиот градоначалник Трифун Костовски незаконски вработил 60 луѓе во градската управа, сите пријатели и негови блиски, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија тврди дека Костовски не запрел тука, туку барал од директорите на јавните градски претпријатија и тие да вработуваат негови луѓе. Од градот ги отфрлаат обвинувањата.
Нетпрес - Сител - А1 - Време - Н.Македонија - А1 - Време - Утрински
34 поврзани вести »Бизнисмени од Норвешка се заинтересирани да инвестираат во Македонија. Претставници на неколку компании наскоро ќе ја посетат Македонија за да ги согледаат условите за бизнис. Ова на премиерот Никола Груевски му го најавиле норвешките стопанственици со кои тој се сретна во Осло, во рамки на дводневната посета на владината делегација на Кралството Норвешка.
Време - Кирилица - Р.С.Европа - Вечер Прес - Н.Македонија - А1 - Алсат-М - Канал5
32 поврзани вести »Македонија очекува во почетокот на 2009 година Европската комисија да започне правна процедура во Советот на ЕУ за укинување на визниот режим кон Македонија. Европската комисија во „Оценката за имплементација на Патоказот за визна либерализација на Рeпублика Македонија", изнесе позитивно мислење за направените чекори во земјата.
Нетпрес - Нетпрес - Сител - Макфакс - Сител - Алфа - Макфакс - Вечер Прес
31 поврзани вести »Поради задржувањето од неколку дена на тројцата агенти на Федералната разузнавачка служба на Германија, германската Влада може да ја скрати помошта за Косово, пренесува АФП. Се уште не е решено, но “се размислува“ изјавил извор упатен во ситуацијата. Германскиот весник “Вел ам Зонтаг“ објавува дека ќе се разгледува и за скратување во сферата на одбраната.
Н.Македонија - А1 - А1 - Телма - Алсат-М - Форум - Нетпрес - А1
45 поврзани вести »