Игор Чавески Ракетите што Владата ги набавила од Хрватска, македонските безбедносни сили ги користеа при нападот на селото Арачиново за време на воениот конфликт во 2001 година, велат воени експерти. Станува збор за повеќецевни ракетни фрлачи со калибар од 128 милиметри.
Форум - Вечер Прес - Н.Македонија - Утрински - Дневник - Време - Вечер Прес - Н.Македонија
18 поврзани вести »Организацијата на земјите извознички на нафта одлучи да ги задржи непроменети квотите на производство на нафта на 27,3 милиони барели нафта. Одлуката е донесена на вонредниот советодавен состанок на ОПЕК, што синоќа заврши во Каиро, соопшти алжирскиот министер за нафта Чакиб Келели, пренесуваат западните агенции.
А1 - Канал5 - Алфа - Макфакс - Нетпрес - Кирилица - Алсат-М - Кирилица
26 поврзани вести »Тимотеј: Моштите на свети Климент се сеправославни. Одлуката на МПЦ да подари дел од моштите на свети Климент Охридски на Бугарската православна црква е гест на добра волја, оцени дебарско-кичевскиот владика Тимотеј.Тој ја предводеше делегацијата на МПЦ, која на пловдивскиот митрополит на БПЦ Николај му предаде дел од моштите на основоположникот на МПЦ за новоизградениот храм во бугарскиот град ...
Утрински - Макфакс - Дневник - Утрински - Време - Нетпрес - А1 - Алсат-М
17 поврзани вести »Паѓа цената на струјата во регионот. Глобалната криза ја намали вредноста на електричната енергија за 5 до 7 проценти на европските берзи на струја. Покрај промената во цената се појавуваат и вишоци на електрична енергија во регионот. Суфицитот е резултат на намаленото производство на или затварањето на дел од капацитетите на големите индустриски компании во Европа кои немаа успех во санацијата ...
Време - Време - Алсат-М - Алфа - Н.Македонија - А1 - Дневник - Вест
25 поврзани вести »Професор Симпсон смета дека Грција ќе го претстави членството на Македонија во НАТО како политички проблем. Тамара Грнчароска. Македонските експерти, иако прашани за совет и мислење, засега остануваат надвор од процесот што го поведе Македонија против Грција пред Меѓународниот суд за правда во Хаг за кршење на членот 10 од Привремената спогодба од 1995 година.
А1 - Канал5 - Канал5 - Алсат-М - Сител - Алфа - Кирилица - Нетпрес
16 поврзани вести »Итните пациенти за време на празник, викенд или ноќе не можат да користат лекови од позитивната листа. Доколку се разболите во петок навечер, лековите ќе мора да ги купите бидејќи печатите на дежурните лекари не важат во аптеките. Овој апсурд трае со години кога матичните лекари добија шестцифрени броеви во печатите, а кај дежурните останаа истите. Вака е со години.
А1 - Вест - Утрински - Сител - Макфакс - Н.Македонија - Сител - Н.Македонија
16 поврзани вести »Истече рокот во кој Македонската православна црква требаше да уплати 1.5 милиони евра за струшкиот хотел Изгрев. Нема официјална потврда дали парите се платени, но неофицијалните информации на Сител велат дека трансакцијата била извршена во петокот.
А1 - Дневник - Време - Утрински - Алфа - Н.Македонија - Утрински - Канал5
16 поврзани вести »Денеска во Скопје беше потпишан документ за програма за спречување на семејното насилство. Ќе се спроведува до 2011 година. Станува збор за заеднички проект на Владата, на Програмата за развој на Обединетите нации, на Холандија и на други агенции на светската организација во земјава.
Кирилица - А1 - Алсат-М - Дневник - Алсат-М - Форум - Нетпрес - Кирилица
16 поврзани вести »До април 2009-та се очекува да заврши продажбата на Космофон, без значајни кадровски смени на врвот на компанијата, која од почетокот на годинава е под раководство на Петрос Лефковиц, дознава Сител. Иако во моментов во компанијата ревизори скенираат колку точно вреди оваа компанија, нејзината цена по доаѓањето на Лефковиц е драстично зголемена, поради зголемениот број на пост пејд претплатници, ...
Време - Утрински - Сител - Сител - Вечер Прес - Канал5 - Канал5 - Нетпрес
24 поврзани вести »Дванаесет убиени во напад на шиитска џамија во Ирак. БАГДАД – Напаѓач-самоубиец уби 12 лица и повреди најмалку 20 во напад врз шиитска џамија за време на вчерашните петочни молитви, јави ирачката полиција. Според информациите, нападот се случил во градот Мусајиб, 80 километри јужно од главниот град Багдад.
Макфакс - Р.С.Европа - Н.Македонија - Нетпрес - Форум - Р.С.Европа - Р.С.Европа - Макфакс
23 поврзани вести »