Обвинетите за злосторства против човештвото, геноцид и воени злосторства треба да бидат изнесени пред лицето на правдата, при што треба да се внимава на целосно придржување кон владеењето на правото, препорачува европскиот комесар за човекови права Томас Хамарберг во својот извештај што вчера го разгледуваше собраниската анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Канал5 - Алсат-М - Алсат-М - Сител - Кирилица - Форум - Алсат-М
12 поврзани вести »Фармерите најавуваат протести. Фармерите ќе излезат на протести пред владините институции в понеделник доколку дотогаш не се изнајде решение за нивниот проблем - исплата на преземеното млеко. Федерацијата на фармерите на Македонија информира дека цел на најавените протести е да се запознае јавноста со маката на млекопроизводителите, чии барања за исплата на откупеното млеко се секојдневна агонија.
Канал5 - Утрински - Дневник - Вест - Алсат-М - Алфа - Алфа - Кирилица
17 поврзани вести »Билансот на загинатите во поплавите и лизгањето на земјиштето, кои пред повеќе од седум дена ја погодија јужната бразилска држава Санта Катарина, се зголеми на 97 лица, додека 18 се водат како исчезнати. Речиси 80 илјади граѓани биле принудени да ги напуштат своите домови, а шест градови се отсечени од светот.
Дневник - Макфакс - А1 - Алсат-М - Канал5 - Макфакс - Сител - Кирилица
17 поврзани вести »Бугарија, која до пред само неколку месеци важеше за една од најпривлечните дестинации за бизнис на Балканот, драстично oпаѓаат странските инвестиции. Според Министерството за економија во Софија, годинава државата ќе ја заврши со една милијарда евра помалку странски вложувања од лани.
BBC - Утрински - Форум - Форум - Н.Македонија - А1 - Канал5 - Алсат-М
17 поврзани вести »Високиот комесар за бегалци на ОН, Антонио Гутереш ги повика денеска светските влади да ги спасуваат луѓето од сиромаштија и војни, а не само банките од банкрот. Гутереш апелирање на светската заедница да не ги заборава сиромашните и загрозени луѓе, додека истовремено САД се обврзуваат дека ќе потрошат стотици милијарди долари за спасување на својата економија, а слични мерки преземаат и другите ...
Алфа - Макфакс - Форум - Н.Македонија - BBC - BBC - Канал5 - Канал5
16 поврзани вести »Кога малата подморница „Мир1“ со која командуваше Артур Чилингаров го забоде руското знаме на морското тло под Арктикот стана јасно дека големите сили почнуваат битка за огромните нафтени резерви на Северниот Пол.Тричлената екипа - Чилингаров, окенологот Анатолиј Сагалевиќ и поранешниот агент на КГБ Владимир Груздев, добија одликувања од тогашниот претседател Владимир Путин, а домашните медиуми ...
Утрински - Алсат-М - Нетпрес - Р.С.Европа - Алфа - Макфакс - Сител - Н.Македонија
16 поврзани вести »Пазарот на капитал во зимски сон. Одборот на директори на Македонската Берза одлучи од денеска до среда да воведе ценовни ограничувања за сите акции на компании кои котираат на пазарот на капитал. Одлуката за ценовни ограничувања од +/-10 проценти важи и за акциите кои се тргуваат во режим на фиксинг и за тие во режимот на континуирано тргување.
Макфакс - Макфакс - Форум - Форум - Дневник - Канал5 - Форум - Дневник
16 поврзани вести »Политичките притисоци врз медиумите се постојани и тоа е многу загрижувачко за Македонија , бидејќи здравите демократски општества подразбираат независнот и слобода во информирањето – зачестено критикуваат меѓународните организации и институции во земјава.
Сител - Нетпрес - Алфа - Макфакс - Вечер Прес
10 поврзани вести »Нов апарат на Клиниката за детска хирургија. Клиниката за детска хирургија вчера на подарок доби нов современ апарат за поддршка на црнодробната функција со апсорпција и дијализа. Апаратот е донација од германската компанија „Фрезениус“ и чини околу три милиони денари.
Алсат-М - Канал5 - Макфакс - Нетпрес - Сител
10 поврзани вести »Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски денеска, на покана од шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер и министерот за имиграција, интеграција, национален идентитет и солидарен развој Брис Ортефе, ќе учествува на Втората европско-африканска министерска конференција посветена на миграцијата и развојот.
Алфа - Нетпрес - Форум - Кирилица - Вечер Прес
10 поврзани вести »