BMW ќе учествува во развојот на дрон за подобрување на светскиот рекорд на брзина Важечкиот светски рекорд за брзина на дрон е нешто над 263 km/h. Минатата година беше поставен со уред со тежина од само 800 грама.
Лигата Drone Racing League (DRL) се здружи со BMW и заедно ќе го прават најбрзиот дрон во светот. Дроновите денес се сеприсутни, се користат за различни цели, а најчесто за фотографирање или снимање од височина.