Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт на социјалните мрежи се пофали дека почнува фудбалска кариера која долго време ја сонуваше и најавуваше. “Потпишав за фудбалски клуб. Дознајте кој во вторник во 8 часот по британско време” , напиша Болт.
Јусеин Болт немаше најдобро збогување со атлетиката, спортот што го направи мега-ѕвезда по настапите на Светското првенство во Лондон во 2017 година, но сите негови фанови го очекуваат неговиот следен потег.