Се појавија нови слики на Samsung Galaxy S9. Со оглед на изворот, се чини дека и официјално ова ќе биде изгледот на уредот. Дополнително, еден од интересните, ново откриени податоци е дека телефонот ќе биде претставен во проширена реалност.
Само неколку дена пред настанот Unpacked 2018 во Барселона, на кој се очекува да биде претставен новиот флегшип модел на компанијата, Galaxy S9, на интернет се појавија серија снимки, заедно со карактеристиките кои ги откриваат сите детали.