Охридското езеро располага со огромни капацитети за развивање на туризмот, па така се најде место и за риболовниот туризам којшто може да бликне и да помогне во афирмација на најстарото езеро во Европа.
Охридското езеро има потенцијал за туристичко риболовна понуда за која има голем интерес од страна на странските посетители. Холанѓаните се едни од најстраствените кои сакаат да се рекреираат ловејќи риба од брегот и со кајче во водите на езерото.
Риболовниот туризам е одамна развиен и е неизбежен дел на целокупната туристича понуда на секоја земја која сака да ја развива оваа стопанска гранка. Охридската спортска риболовна понуда не е докрај искористена и покрај интересот на странските гости.
Расте бројот на странци заинтересирани за спортски рекреативен риболов на Охридското езеро. Вљубеници во овој спорт доаѓаат подготвени со своја риболновна опрема. Страсните рибари ловат спортски, но и со блинкер за да ја слушнат старата рибарска ...