Се одржа отворениот тренинг за УФЦ 220 кој овој викенд ќе се одржи во Бостон. Во главната борба на вечерта Стипе Миочиќ ќе се обиде да го собори рекордот во тешка категорија на УФЦ и против Френсис Нгану по трет пат да ја одбрани шампионската титула.
Во анкетата спроведена на десетина борци на ММА девет од нив предвидуваат победа на Миочиќ против Нгану. Каел Сонен и борците на УФЦ Стефан Томсон, Колби Ковингтон, Кертис Блајдес кој во Загреб се бореше со Нгану, Шејн Бургос, Мет Фреол, Нил Мањи, ...
Дана Вајт нема да биде пресреќен од најновата изјава на неговиот миленик Френсис Нагану. Не требаше долго да се ќека за Камерунецот да тргне по стапките на Конор Мек Грегор и да си посака боксерска кариера.
Френсис Нгану откри колку ќе заработи во борбата за титулата во тешка категорија викендов во Бостон против Стипе Миочиќ. За неговата седма борба во УФЦ, француско-камерунскиот борец ќе добие 500.000 долари.