Студентка од Вашингтон најде нов начин да го спречи сексуалното насилство врз млади жени и мажи кои, покрај бројните предупредувања, не внимаваат на своите пијачки во клуб каде им стават дрога и на тој начин стануваат жртви.
Постојано насекаде слушаме да не пиеме пијалаци кои нема да ги отворат пред нас или да гледаме додека ги тураат, но не можеме постојано да бидеме толку внимателни, па можеме и да не забележиме кога некој ќе стави некаква дрога во пијалакот.
Данја Шерман е студентка на Универзитетот Џорџ Вашингтон во Вашингтон. Таа ја креираше салфетата KnoNap откако нејзина пријателка била дрогирана и нападната додека студирала во Шпанија. Според Шерман, тогаш по прв пат станала вистински свесна за ...