Apple работи на сопствени екрани за следната генерација на уреди. Компанијата има „таен“ развоен оддел во Калифорнија и таму компанијaта произведува и тестира екрани, јави Bloomberg . Според најавите, Apple работи на microLED екрани.
Американскиот технолошки гигант Apple ќе развива и произведува дисплеи за своите уреди за прв пат во својата историја, користејќи тајна фабрика лоцирана во близина на седиштето во Калифорнија.